* извор
Инспириран од Новиот свет, дон Алонсо во 1556 г. отпатувал во Средна Америка. Таму му се придружил на Гарсија Хуртадо де Мендоза - врховен командант на шпанско Чиле. Мисијата била загушување востание на домородните Арауканци, кои се дигнале против шпанските колонизатори. Дон Алонсо останал во Чиле и учествувал во неколку битки, па се вратил во Шпанија. Но, храброста на Арауканците го натерала да го опише сѐ тоа што го видел. Така настанал eпот „Араукана” во три дела, првично издадени 1569, 1578 и 1586 г. Овој еп потоа имал десетици преизданија. Ова е дел од втората книга преиздадена 1586. На „Гугл букс" има повеќе изданија на епот.
Говорејќи за народите со кои се среќавал, авторот вели:
„Може ли некој да ги изброи ескадроните? И големиот број галии? Толпи и мешавина од нации... Видов Хрвати, Далматијци, Славонци, Бугари, Албанци... Грци, Македонци, Турци, Арапи, Сиријци, ’сарацени‘, Африканци...“
Инаку, според хрватско-американскиот проф. Џорџ - Ѓорѓе Прпиќ и некои други истражувачи, првиот Македонец кој стапнал во Америка е Драган да Лихнида - богомил од Охрид. Тој се спомнува во документи на шпанскиот дворец, како сопатник на Кристофер Колумбо на историското патување 1492 г., а преживеал и колеж од домородците на американска почва кои си ја бранеле земјата од европските новодојденци.