Махер на колото: Доктор Несторовиќ

Листата на пулмологот  Несторовиќ е најголемото изненадување на српските избори. Стана познат во пандемијата, гостуваше по утрински емисии и подкасти, немаше некоја кампања па сепак, белградската власт сега зависи од него. Неговиот успех лузерите стандардно ќе го препишат на еден од овие два фактора: а) тој е производ на Вучиќ и б) за него гласаа небањатите.

Не е проблем Несторовиќ, проблем е кога се сметаш за јак политичар (а такви во српската опозиција има многу) а ќе те збрише некој како него:

***********

„Познавам барем двајца доктори на науки кои гласаа за „лудиот доктор“, пишува новинарот Дарко Николиќ наведувајќи колку угледни професионалци има неговата листа: врвен политиколог од Беркли, доктор по политички науки од Њујорк, адвокатка која брани немоќни лица, дописник од Лондон, познат радио водител...

„За почеток треба да се стане од својата фотеља која е единственото место од кое се посматра светот, да се симнат наочарите кои гледаат само две-три листи и да види што тоа народот гледа,“ порачува тој.

**************

Види и:

Дијагноза „Белграѓани после избори“

 

 

19 декември 2023 - 11:25