Рататуи (фенси турли-тава)

Не знам на што се должи таа моја инфантилна фиксација цело време да правам паралела меѓу цртани филмови и храна, ама не сме овде за моите трауми од предучилишна возраст.

Цртаниот Рататуи: глувчето што под куварската капа како марионета го контролира младиот париски шеф кој направи изванредна турли тава (обезмесната) што го врати најстрогиот фуд-критичар у детство и доби највисока оцена. Ете, сепак флешбековите ни утичат на сегашноста.

Овој е рецепт е еден од триколорските класици. Како по обичај, нема да ја следиме конвенционалната постапка на спремање, туку ќе симплифицираме (боже каков ужасен фрчковизам) и адаптираме на нашиот буџет и слободно време после работа.

Вамос...

Огноотпорнен сад, или ватростална, шо би рекла тетка Ленче, комшика пред пензија вработена у катастар. Сите имаме по една тетка Ленче у животот. На тенки ленти сецкаме еден кромид и една црвена пиперка. Ги распоредуваме на дното од садот. Зачинуваме по мерак, истураме троа зејтински лубрикант.

Сте чуле ли за мандолина? Кујнска? Ренде у В-израз. Ако не сте, прашајте мајка/баба, сто посто имате по дома у некој hidden folder по висачите. Ако сте демек успешно сепарирани и осамостоени од вашите, може за следниот чекор да користите и нож. Ама остар. Како клизечи од Гатузо. Земаме еден модар патлиџан, два обични патлиџани шо си седат мадро, две тиквици (може зелена и жолта на пример, ради дојам, ама и у една боја ќе пројдат). Последниве година време сретнав повеќе наши рецепти каде што место тиквица пише ЗУКИНИ или КОРЖЕТА. Немојте, како дрога вас молим. Додека сме на таа фреквенција, престанете да викате ГРЧКИ ЈОГУРТ, коа си имаме златна павлака. Или кисело млеко. Оние енглезите, Џејми и Гордон се криви. Алачки ме сачувај.

Ок, назад кај зеленчуците. На шо е можно потенки кругови ги цепкаме сите парчиња зеленчук. Потрудете се да се со сличен радиус. Откако се искасапени, произволно ги редиме врз кромидот и пиперките. Бидете креативни, играјте си боите, со формата, со правецот. Садот може да ви биде кружен, елипсоиден, правоаголен, ЧЕТВРТАСТ. Почнете со редење од рабовите и уживајте во вожњата.

Откако сите парчиња зелен - модар, црвен, а богами и жолт - чук ни се распоредени, ги почастуваме зачини и едно гранче мајчина душица или рузмарин. Веч носим на реверу. А у руку ми, зејтин да јој кла'м. Плиснуваме зејтински и...

На 200 загреваме рерна

Во кујната периферна

А ми се мерна

Ракија - другарка верна

Ќе пресушам цела цистерна

Со оваа турли тава

Револуционерна

* Пиво Андриќ

50 - 70 минути печење. У зависност која генерација ви е шпоретот. Вадиме и го крунисуваме со пармезанска слана. Удри по рендето и не жали материјал.

Може да насецкаме свеж магданос за на површината. Или босилек.

Откако му правиме трансфер во чинијата, може да го шокираме со парче егзотичен лимонов млаз. А следната ракија гледа и сама се сипа у чашата.

На здравје делкање!

Укратко:

1 пиперка, црвена
1 кромид
1-2 модри
1-2 тиквици
1-2 домати
(тоа „1-2“ е број на зеленчуци, не е кец у два тип за у кладионка)
пармезанац

Кирил Стоименов
д маус оф маседониа

7 ноември 2021 - 11:15