Со својата богата симболика – плодот калинка како симбол на среќа, благодат и радост е дел и од корпоративното лого на Државна лотарија. „Калинка“ е лесна и забавна игра – доволно е да се изгребат полињата за игра и да се пронајдат три исти износи, кои може да ви донесат една од 7-те главни премии по 700.000 денари или една од многубројните други парични добивки.
Со секој лоз, шансата за нова среќна приказна е пред вас, а со цена од само 70 денари, „Калинка“ останува достапна и привлечна за сите што сакаат да ја предизвикаат својата среќа.
„Калинка“ може да се сподели и како подарок во ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Со еден коверт подарувате симбол на среќа и можност за добивка до 700.000 денари, претворајќи го подарокот во вистинска радост.
Среќата е навистина насекаде – откријте ја со „Калинка“!
(Комерцијален текст)