Јанко "Јади Бурек" Илковски купи 30 примероци од книгата "Бавчи на Трендоленд", најави дека сака да им ги подарува на гледачите на неговата емисија. Браво за него.
По стандардната цена од 200 денари и Вие можете да набавите примерок за себе преку сајтот Купи книга.
Линкот е овој:
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=50679
Дечките од "Купи книга" решија во овој случај да не задржуваат маржа за себе. Браво и за нив. Тоа што значи дека целиот приход од продажбата на книгата ќе оди онаму каде што и првично заврши, во Дневниот центар за грижа за деца од улица.
Книгата Бавчи е збирка колумни на авторите што пишуваа(т) кај нас. Џака Накот, Дарко, Бетмен, Отец Пимен, Сандра, Јана, Емили, Иво, Клео, Тихо и Адо се 11-те „бавчанџии" на off.net.mk кои во своите колумни пишуваат за сè и сешто, од различни точки на планетата, низ проза и стихови, луцидно и низ хумор, збогатувајќи го сајтот со нивните различни енергии и стилови.
Издавач е Трендоленд а книгата (290 страни) ја отпечатија дечките од Табернакул.