Следејќи ја својата мисија да овозможи најбрзо и најкомфорно кредитирање за физички лица во Македонија, ИутеКредит ја отвори и својата прва експозитура во Куманово на плоштадот Маршал Тито во центарот на градот.
Отсега, покрај можноста за брзо онлајн аплицирање за потрошувачки кеш кредити на веб страната на ИутеКредит www.iutecredit.mk, граѓаните на Kуманово ќе можат тоа да го направат и да се информираат во својот град.
“На се поголемо барање и интерес дали и кога ИутеКредит ќе има своја локација и во Куманово, решивме нашата следна локација после Скопје и Тетово да биде токму Куманово” – изјавија од ИутеКредит.
Промотивно по повод отварањето, сите заинтересирани ќе можат да аплицираат за кредит до 20 000 денари со 0% трошоци.
За аплицирање е потребен само документ за лична идентификација (лична карта или пасош), а одговор на апликацијата се добива за само неколку минути.
“Покрај аплицирање за кеш кредити во експозитурата, граѓаните на Куманово ќе можат да купуваат производи и услуги на 18 рати до 80 000 денари кај трговските партнери на ИутеКредит во Куманово, исто така само со лична карта” – дополнуваат од ИутеКредит.
Листата на продажни места каде што може да се купува со наменски кредит на рати може да се погледне на следниот линк: http://iutecredit.mk/partners/
Иуте Кредит како општествено одговорна компанија во рамките на својата стратегија вклучува и поддршка на проекти од јавен интерес како што се спортот, здравата животна средина и образованието, па во таа насока со самото присуство во Куманово ќе допринесе во согледување на предизвиците и подобрување на овие аспекти од секојдневниот живот на граѓаните преку учество во социјално одговорни проекти.
(Комерцијален текст)