Онлајн пријавата на штета се врши преку мобилната апликација Winner Osiguruvanje достапна на Playstore и Appstore како и преку веб платформата prijavisteta.winner.mk. Преку само неколку брзи и лесни чекори, без оглед дали штетата настанала во моментот или претходно, клиентите веднаш добиваат известување дека нивното барање се обработува.
Во брзо и динамично општество клиентите бараат едноставен, висококвалитетен и ефективен осигурителен процес, од купувањето на полисата, до решавање на штетите. Дигитализираните корисници не сакаат чекање во ред и повеќешалтерски системи, туку нивните барања да бидат реализирани онлајн. Нашата апликација за пријава на штети им го овозможува токму тоа, следејќи го водичот за пријава да ги прикачат соодветните документи и фотографии, да добијат известувања, да го проверат статусот на штетата или пак да добијат соодветна стручна помош и совет во моментот на настанување на штетата или потребата од осигурување преку четот на Винер.
Клиентите се секогаш на врвот на нашите приоритети, па затоа апликацијата е една нова рута за обезбедување на подобра, побрза, поефикасна и посовршена услуга на сите наши клиенти без исклучок – вели М-р Михајлов, член на Управниот одбор на компанијата, носител и креатор на ова решение.
Со дигитализацијата на производите и процесите Винер Осигурување на своите клиенти не само што им обезбеди можност да купат онлајн полиси за Автомобилска одговорност (за регистрација на возилото) и полиси за Патничко осигурување, туку и комплетна онлајн пријава на штета по сите видови на осигурување. Станувајќи пионери во државата во имплементирањето на софтверот за пријава на штети и прифаќајќи го предизвикот, Винер Осигурување го доби второто место во рамките на Xelerate програмата на Виена Иншуренс Груп која оценувајќи го проектот како успешен и значаен за Македонскиот пазар, одлучи да го финансира истиот.
Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје продолжува и понатаму со трендот на грижа за своите клиенти, и секако брзата исплата на штети со транспарентен и фер однос кон клиентите, за што говори и бројката за најмалку неисплатени штети. Пуштањето на ова апликативно решение чија цел е зголемување на задоволството на клиентите, особено на оние кои се фокусирани на онлајн комуникацијата ќе доведе и до уште помал број на неисплатени штети.
(Комерцијален текст)