Hisense телевизори: иновации во бои, големи екрани и домашна забава

Hisense телевизорите се создадени со јасна цел – да донесат посветол и подобар живот во секој дом преку врвна технологија, импресивна слика и извонредно корисничко искуство. Поддржани од долгогодишно инженерско искуство, глобално присуство и длабоко разбирање на начинот на кој луѓето денес живеат и гледаат содржини, Hisense телевизорите се темелат на два столба што ја дефинираат иднината на гледањето: револуционерната RGB MiniLED технологија и големите екрани од 100 инчи.

Воден од својата филозофија „Innovating a Brighter Life“, Hisense и понатаму ги става кориснички ориентираните технологии, врвниот квалитет на сликата и естетската разновидност во центарот на развојот на своите производи.
 
Hisense телевизорите се создадени според она што им е најважно на гледачите: прецизна репродукција на бои, исклучително мазно движење, импресивна слика и звук, како и беспрекорна интеграција во секојдневниот живот. Без разлика дали корисниците бараат побогати бои, кино искуство на голем екран или телевизор што се приспособува на нивниот простор и стил на живот, Hisense нуди повеќе осветленост, поголема прецизност и уште поинтелигентни технологии. Високата стапка на освежување овозможува подобро гејмерско и спортско искуство, додека AI оптимизацијата на сликата автоматски обезбедува секоја сцена да изгледа природно и избалансирано. Ова е забава создадена да биде едноставна, интуитивна и целосно импресивна.

Hisense – пионерот на RGB MiniLED технологијата

Во 2025 година, Hisense стана првиот бренд во светот што ја претстави RGB MiniLED технологијата – значајна иновација која драматично ја подобрува чистотата на боите, прецизноста и контрастот преку истовремена контрола на светлината и бојата.

Hisense продолжува да ги поместува границите на дисплеј технологијата преку својата RGB MiniLED понуда во сериите UR9S и UR8S. Овие модели ја претставуваат најнапредната еволуција на RGB MiniLED технологијата досега, со бројни унапредувања:

•    Следна генерација RGB MiniLED Evo Chromagic 2.0 технологија со дополнителна небесно-сина цијан нијанса како четврта примарна боја во позадинското осветлување, за уште поголема чистота на боите;
•    До 110% BT.2020 опсег на бои за неверојатно реалистичен приказ;
•    Anti Reflection & Glare Free екрани за јасна слика во сите услови;
•    Освежување до 180Hz за исклучително мазно движење и премиум гејминг искуство;
•    Pantone Validated и Pantone Validated RGB MiniLED сертификати за природна и прецизна репродукција на боите;
•    Hi-View AI Engine RGB, кој интелигентно ги оптимизира контрастот, осветленоста и боите во реално време.

За уште подобро искуство, Hisense дополнително го надгради и аудиото. Одредени RGB модели располагаат со Devialet аудио системи кои комбинираат повеќеканални конфигурации до 6.2.2 канали, просторно аудио со висока прецизност и поддршка за Dolby Atmos, овозможувајќи вистинско кино искуство. 

Комбинацијата од овие технологии ги прави Hisense RGB MiniLED телевизорите едни од најнапредните и визуелно највпечатливите модели на пазарот денес – идеални за љубителите на филмови, спортските ентузијасти, гејмерите и сите што очекуваат врвни перформанси без компромиси.

Лидерство во сегментот на телевизори од 100 инчи и повеќе

Hisense продолжува да доминира на глобалниот пазар на телевизори од 100 инчи и повеќе, задржувајќи ја позицијата број 1 во светот во оваа категорија.* Ова лидерство е резултат на долгорочни инвестиции и разбирањето дека големите екрани не се само тренд, туку нов начин на уживање во содржините.

Hisense ја зацврстува оваа позиција преку:

•    Поширока достапност на 100+ инчни модели во сериите E7 Pro, U7, U7 Pro и UR8;
•    Гејмерски перформанси со Native 180Hz VRR;
•    Интеграција со спортски содржини и FIFA World Cup партнерства;
•    IMAX Enhanced и Dolby Vision сертификати за кино искуство во домот.

Од модерни дневни соби до гејмерски конфигурации и спортски вечери со пријателите, Hisense телевизорите со голем формат нудат извонредна комбинација од врвен квалитет на слика и импресивна големина на екранот.

Создадени преку иновација и разбирање на корисниците

Во сите модели на телевизори, Hisense останува посветен на она што е најважно во домашната забава – иновации насочени кон корисникот, врвен квалитет на слика, елегантен дизајн и интелигентни технологии што го подобруваат секојдневното искуство. Преку премиум RGB MiniLED моделите, Hisense продолжува да го редефинира значењето на модерниот телевизор – технолошки, визуелно и емоционално.  Ова не се производи создадени само да импресионираат при првото вклучување, туку да ги збогатуваат секојдневните моменти со години. Ова е Hisense – Innovating a Brighter Life.

Откријте ја понудата на Hisense телевизори на mk.hisense.com или посетете го најблискиот продажен партнер и пронајдете го моделот што најдобро одговара на вашиот дом и начин на живот.

*Според глобалниот пазарен удел по приходи во категоријата телевизори од 100 инчи и повеќе. Извор: Omdia, 2023–2025.

(Комерцијален текст)

1 октомври 2026 - 08:18