Меѓу најуспешните проекции во 2025 година, во топ 10 најгледани филмови се најде и македонското остварување Диџеј Ахмет, што означи една значајна пресвртница – домашен филм што се избори за своја позиција меѓу најгледаните наслови на годината.
Првата сезона на летно кино на отворено, организирана во 2025 година од Cineplexx и Skopje City Mall, се покажа како значајна новина во културната програма на градот и привлече голем број посетители. Сите проекции беа распродадени во рок од неколку часа, а вкупниот број на посетители надмина 10.000, со вкупно 30 прикажани филма на отворено.
Особено значајна беше светската премиера на филмот Naked Gun, што ја одбележа програмата, при што дистрибутерите го препознаа потенцијалот и важноста на летното кино како платформа за истакнување на нови филмски проекти. По успешната прва година на Rooftop Open Air Cinema, Cineplexx повторно ја најавува реализацијата на летно кино и за 2026 година, со уште поразновидна програма и поширок избор на филмови што ќе ги привлекуваат љубителите на филмската уметност на отворено.

Значајно за летното кино беше и одбележувањето на 20-годишнината на најгледаниот македонски филм на сите времиња – БалканКан, со проекција која по две децении повторно беше прикажана пред публика во Скопје.

Во 2026 година, Cineplexx ја започна годината со голем успех – српскиот филм Свадба собра над 25.000 продадени карти во Cineplexx, додека во цела Македонија бројката надмина 35.000 гледачи.

Најочекувани филмови во 2026 година се The Odyssey, Devil wears Prada 2, Dune 3, Avengers: Doomsday, Mandalorian and Grogu, Michael, To Story 5, Minion, Verity, Focker-in-law, Jumanji 3, Angry Birds 3, Hunger Games: Sunrise on the Reaping….


Од 11 март, на репертоарот ќе се најде и македонската драма One More Game, со главни улоги на Тони Михајловски, Ведран Чешарек и Петар Маниќ. Филмот претставува современа тин драма што ги обработува темите на светот на гејмањето и предизвиците со кои се соочува едно конзервативно општество.

Cineplexx ја најавува 2026 како година со уште поинтензивна програмска динамика, очекувајќи зголемен интерес и посилна посетеност од страна на кино-публиката, поттикната од богатата филмска понуда и привлечните наслови што следуваат.
(Комерцијален текст)