Облакодери од некои идни времиња

На 10-от конкурс на еВоло магазинот за облакодерот на иднината имаше околу 500 пријавени. Од нив 3-ца се победници и 20-на се почесно споменати.

Првото место го освои "Essence," предлогот за поставување на не-урбана околина во густ градски центар. Заградата ќе има 11 различни пејзажи вклучувајќи аквариуми за риба, џунгли и останати околини.
Автори:Ewa Odyjas, Agnieszka Morga, Konrad Basan, Jakub Pudo - Полска


Втор е "Shanty-Scraper,"
кој е замислен како мешан станбен и деловен простор за сиромашните рибари од гетата на Ченаи, Индија. Тој треба да биде изграден од рециклирани материјали најдени во градот.
Автори: Suraksha Bhatla, Sharan Sundar - Индија


Трето место е "Cybertopia"
која го комбинира дигиталниот и физичкиот свет во зграда која може да расте со помош на технологија за 3Д печатење и портабл бродови.
Автори: Egor Orlov - Русија


Предлогот "Limestone Hills" предвидува претворање на поранешните рудници за вар во ексоскелети за новите градби.
Автори: Jethro Koi Lik Wai, Quah Zheng Wei - Малезија


"Tower of Refuge" е замислена како Ноевата арка која може да обезбеди доволно сончева светлина, вода и воздух на најразлични животински видови, и која ќе функционира како "само-управувачка машина која служи во секакви околности."
Автори: Qidan Chen - Кина


"Air Monument"
служи како база на податоци која ќе собира и складира примероци од атмосферата со цел да ги изучува и одговара на климатските промени
Автори:Shi Yuqing, Hu Yifei, Zhang Juntong, Sheng Zifeng, He Yanan - Кина


"Reversal Strategy"
предлага изградба на високи, тенки згради врз постојната инфраструктура за старите згради да можат да бидат демолирани за да се создаде повеќе јавен простор.
Автори: Luigi Bertazzoni, Paolo Giacomo Vasino - Италија


"Vertical Factories in New York"
предвидуваат изградба на 21 индустриска кула на брегот на Бруклин со цел повторно да се воздигне градската фабричка економија а притоа да не се компромитира земјата.
Автори:Stuart Beattie - Обединето Кралство


"Noah Oasis"
е план за претворање на постојните нафтени платформи во "вертикални био-средини" кои ќе можат да се искористат за чистење на нафтените дамки. Долгорочно, во нив ќе може да живее и морскиот свет или да бидат заштита за човештвото од растечкото морско ниво.
Автори: Ma Yidong, Zhu Zhonghui, Qin Zhengyu, Jiang Zhe - Кина


Целта на "Re-Generator Skyscraper" е да ги оживее мочуриштата во Хангшу, Кина. Изградбата би била издигната на ниво над површината за да се дозволи закрепнување на градските мочуришта.
Автори: Gabriel Munoz Moreno - САД


"Deep Skins"
е предлог облакодер на Менхетен кој ќе биде против тежа на сеприсутните облакодери обложени со стакло. Неговата надворешност ќе имитира кожа со делови кои се преклопуваат, притоа создавајќи брановита внатрешност на зградата.
Автори:Yongsu Choung, Ge Zhang, Chuanjingwei Wang - Јужна Кореја и Кина


"Times Squared 3015"
е концепт за облакодер висок една милја (1,6 километри) сред Њујорк кој во основа би бил град во град. Планот предвидува различни "одредишни зони" како вертикално земјоделство, плажа, планински појас, стадион, шума, домови и канцеларии.
Автори:Blake Freitas, Grace Chen, Alexi Kararavokiris - САД 


Планот на "Exploring Arctic" е комплетно да го трансформира арктичкиот Дикинсон Сити, со тоа што ќе создаде структура која ќе го ревитализира и одново ќе го насели пристанишниот град кој некогаш постоел таму.
Автори:Nikolay Zaytsev, Elizaveta Lopatina - Русија


"Bio-Pyramid"
е создадена како биосфера и премин од Сахара во Каиро, како обид да се спречи ширењето на пустината заради климатските промени.
Автори:David Sepulveda, Wagdy Moussa, Ishaan Kumar, Wesley Townsend, Colin Joyce, Arianna Armelli, Salvador Juarez - САД


"Already There" комплетно го револуционира градското планирање. "Ова може да биде добар начин за хипер-згуснување на градовите дури и кога тие се екстремно густо населени без притоа негативно да влијае на постојните животни услови."
Автори:Ramiro Chiriotti Alvarez - Шпанија


"Vernacular Sky-Terrace" е предлог за хоризонтален облакодер кој ќе дозволи рекреација како и обична улица, со цел да се создаде што е можно по зближена заедница.
Автори: KHZNH Studio: Amir Izzat Adnan, Nur Farhanah Saffie - Малезија


"Unexpected Aura in Chernobyl"
е споменик на нуклеарната катастрофа од 1986-та и облакодер со системи за прочистување на водата и воздухот кои ќе дозволат луѓето повторно да почнат живот во нивните области.
Автори: Zhang Zehua, Song Qiang, Liu Yameng - Кина


"Cloud Capture"
буквално би ги "заробувал" облаците и би ги разместувал околу планетава со цел да ги ублажи ефектите на климатските промени.
Автори: Taehan Kim, Seoung Ji Lee, Yujin Ha - Република Кореа.

еВоло 2015

4 април 2015 - 18:26