Разно

Џокер се одјави

Сабајлево (четврток, 13-ти февруари 2014) душата ја испуштил и телото си го смирил еден од последните олд скул десперадоси на скопската урбана сцена, Ѓорѓи Ѓорѓиевски Џокер. 

Македонија, озгора и отаде

Со сите оние македонштини и булшит детектори, ние цело време зумираме во Македонија и затоа не е чудно што често ни останува неубав вкус во устата. А финтата било да се одзумира. Без детали, без ситници, сосема поинаков вкус. Штета што Македонија е толку поубава колку што пооддалеку ја гледаш.

Паљото како Bear Grylls

Не неколкумина битолчани кои ми фрлија ишарет им пишав дека нема да ги објавам клиповите бидејќи иако бескрајно го сакам Паљото, видеата  му се тиња. Сè додека еден од нив не ми одговори: Баш затоа се прејаки! И стварно, баш затоа! Несудениот битолски градоначалник гледал Дискавери, ја сконтал финтата и еве го на Пелистер, тивко, полека, да не ги разбуди мечките. Акција, возбуда, трилер, напнатост, опасност....не.

Да им отвориме бавча?

Пазете увод на еден текст: "Низ секојдневниот метеж од луѓе и возила во кој секој вработен брза да стаса до работното место, студентот до универзитетот, ученикот до училиштето а невработениот во потрага за парче леб, да ја понуди неговата работна сила на некој од пазарите, никој не обрнува внимание ниту пак наслутува дека за миг може да биде изненаден од тап удар на некое забрзано возило, да стане учесник во сообраќајна незгода или жртва на асфалтот".

Нашиот X Фактор

Ахмед од Кичево, младо дете кое пее две зезнати народни песни. Инструментот го има во грлото и одлично го контролира, со вистинско насочување, би можел чуда да направи. Ама, неоти ќе биде така....

Илина на ТЕД

"Од јазикот кон светогледот и назад" е темата на една од најдобрите презентации што ги видела публиката на домашните изданија на ТЕДx. Умно, свежо, забавно, полно со сочни детали и луцидни објаснувања. Така се прави тоа. Илина Јакимовска, уредничка на Букбокс, наш човек. 

Не е Телекастер туку?

Овој ви е Грмчо Змијарот, некој дечко кој чува змии. Видеото онака, намерно мајтапџиско. Таман да го баталиме, Грмчо изговара еден прастар збор кој не сме го чуле со милениуми а е пресмешен!

Бараме спонзор за овој спортски дух

Искрена исповед на еден наш автохтон спортист воден од македонското олимписко  гесло "Не е важно да победиш, важно е да се најадеш". 

Свирете ја "Ентер, ентер"

Еден наш дечко е убедливо најдобриот инструменталист кој го имаме слушнато на овој инструмент. Инструмент кој во моментов го имате пред себе и главно дава еднолични звуци на мавање со прсти по пластични копчиња. Ма Манзарек, ма Џон Лорд, ма браво!

Discovering Macedonia

Документарно парче на група Чеси кои туристички ја промовираат Македонија, особено Попова Шапка. Апел до нашите во Чешка: да им речат одма да сменат музика.

Типографиките на Ласко

Ласко Џуровски изработува авторски фонтови. За нивна промоција смислил извонредна презентација со типографики со познати личности и ликови. Добро е луѓе, уште има луѓе кои мрдаат. 

А ова се вашите дробови во Тетово

Да ја ѕирнете течноста што ја испушта климата после филтрација на воздухот.

Катна гаража неќе пасти

Една од владините заштитни мерки во врска со говното што го дишеме е градежните работници да не излегуваат на градилиште пред 11 часот. Ок, најс. Центар на Скопје, улица Даме Груев, катна гаража, 8 часот наутро.

Како лови жртви еден македонски педофил

Виртуелните секс заебанции се раширен феномен во ера во која голем број луѓе добар дел од животот го минуваат онлајн. Но, сето тоа станува морничаво кога се работи за сексуални предатори кои на интернет ловат малолетни лица. На овој болесник таргет му се 12- 13 годишни, следи и 16 годишни девојчиња од своето соседство, а на крај станува бесен кога разбира дека соговорничката има дури 21 година. Крајно непријатно за читање, но, не е на одмет родителите и општеството одвреме-навреме малку да се сепнат.