Фудбал

Македонска фудбалска реалноста во два потега

Во 30-то коло од македонската лига паднаа два гола по два комични кикса кои заслужуваат истрага која ниту ќе се случи, ниту па некој ќе помисли да го помрдне газот да ја спроведе. Маалските турнири се сфаќаат посериозно од нашата бедна прва лига каде веќе и кравите во терените - ливади, знаат дека има пазар.

Кој знае колку му се горди родителите

Класниот раководител да има посебен третман за детево и да го ослободува од часови кога и да посака. Значи никако замарање со хемија, физика или биологија. На детево му треба само топка, бидејќи планира да биде Дејвид Бекам или Жунињо.

Слави ти до Велигден ако сакаш, ама офсајд е

Даде гол и се радуваше како е клучен за освојување на Светско првенство, ама после му идеше да му го бутне знаменцето на судијата во ...Кој го измислил па тоа офсајдот, што убаво си се радував со навивачите.

Многу лош месец за Манчестер Јунајтед

Сè што Оле Гунар Солскјер направи на стартот како тренер откако го замени Мурињо може да падне во вода, а за тоа му преостанаа многу малку прилики, само три до крајот на сезоната од кои едната против Челси. Не се станува така лесно успешен тренер, особено не на Јунајтед.

Спиеш ли мирно Пушкаш?

Ако ФИФА има недостиг во изборот за најдобар гол на годината, нека се потсети на Филип Младеновиќ од Легија Гдањск. Што му фали на овој слободен удар?

Во Австралија да видите вие како се изведува паненка

Толку ни изгледа ова ризично што мислевме дека голманот ја фаќа 100% и покрај тоа што се фрли на друга страна. Но ете пеналџијава од Бризбен изгледа доста ја вежбал оваа мајсторија па ја смета за сигурица.

Кога Левандовски го потопи Реал

Сезоната 2012/2013 од ЛШ ја паметиме по германското дерби во финале кое го доби Баерн Минхен со голот на Робен во 89-а минута, ама и по оние легендарни 4 гола кои Роберт Левандоски му ги нареди на Реал во полуфинале, токму на денешен ден. Прво беше 4:1 за Борусија, па 2:0 за Реал.

Да пробаме без да тапне

Шкотскиот второлигаш Данди Јунајтед изведе акција која многу, ама многу ретко се гледа во фудбалот. Треба да те бива за ова, ама и да ти се потрефи. Голманот дегажираше, а триото во напад не дозволи топката да падне, па дури фрчеа петици и волеј на прва. Гол на сезоната во Шкотска, без конкуренција.

Ај најдете му НЗС на пеналов

Сè што може да НЕ очекувате се случи во овој удар од 11 метри. 1.Сопка 2.Асистенција 3.Гол на друг играч. 4.ВАР 5.Поништен гол. Ваков хаотичен пенал не се видело до сега, а му успеа на Макаби Тел Авив.

Чекајте бе уште не сме почнале, вие гол ни давате

Шејн Лонг од Саутемптон постави нов рекорд кога се во прашање најбрзите голови во историјата на Премиер лигата. Ватфорд ја изведе од центар, а репрезентативецот на Република Ирска го напна стоперот на пресинг и заврши работа за рекордни 7.69 секунди. Домаќините пак израмнија во 90-та минута.

И без Меси овие си играат мајтап во Шпанија

Фудбалерите на Барселона се на една победа до освојувањето на титулата број 26, инаку осма во последните 11 сезони во кои Реал има само две. Валведере одлучи да го почне гостувањето против Алавес без Меси кој влезе кога веќе беа поставени конечните 0:2.

Е ова ти се вика атмосфера во финале на ЛШ

Тигрес и Монтереи и двете од Мексико, синоќа се сретнаа во финалето на Лигата на шампиони во КОНКАКАФ каде се натпреваруваат екипи од Средна, Северна Америка и Карибите. Монтереј во првата пресметка славеше 1:0. Но резултатот нас не нè интересира, рокнете звучките да видите што е фудбалски спектакл. Ова го нема во Европа.

Акција во која Мустафи го изгуби компасот во одбрана

Кристал Палас оди во контра два на два против Арсенал. Тој што ја води топката си има чувар, а тој што влегува во шеснаесетник очигледно нема бидејќи Шкодран Мустафи толку се занесе што некој ќе помисли дека напаѓа кон гол. Среќа овој ја дувна во облаци, инаку ако го дадеше ќе имаа право лом да го направат од критики

Го имаше ли Игуаин најслаткото славје на сезоната?

Кога велиме слатко, не мислиме на гол за титула, туку на она што го мислат навивачите на Твитер, а така и изгледа на камера. Челси синоќа одигра разочарувачки 2:2 против Барнли во битката за ЛШ, а Игуаин за убавиот гол доби:

Гинат за секоја топка, за ЛШ се работи

Аталанта е страшно опасна екипа која сезонава го елиминираше Јуве во Куп, а синоќа го совлада Наполи и тоа со пресврт на гости 1:2. Погледнете каков гол спасија со кој ќе губеа 2:0, никој вака не ја извади топкава од гол сезонава во Италија. Сега имаат 56 бода, исто колку Милан и ќе биде мртва трка до крај за четврто место.

Две измени во Јапонија, во игра двајца браќа Македонци

Ако треба да се одбере многу ретко видена сцена или можеби невидена до сега во фудбалот тоа е оваа. Јапонски фудбалски натпревар на кој во исто време и двете екипи прават измена и ставаат во игра двајца браќа и тоа од Македонија.

Нестогол проигрува, Трајковски гаѓа од 20 метри

По пауза од месец и половина, Александар Трајковски погоди за Палермо. Акцијата ја створија двајцата Македонци во 14 минута, но радоста траеше само една минута, бидејќи Падова која е на дното на табелата израмни на 1:1. Уште 4 кола во Серија Б каде Сицилијанците водат тешка битка за една од првите две позиции кои водат директно во прва лига.

Ретко некој вака да се прошетал на Олд Трафорд во ера на Ферги

Легендарниот Бразилец Кака кој се прослави во Милан денеска полни 37 години. Тешко дека има навивач на Росонерите кој не го памети овој уникатен соло продор со кој ја уништи одбраната на Јунајтед. Ова е сезоната кога го освоија трофејот во финале со Ливерпул, а видеово е од полуфинале. 

34 години сонуваа за овие моменти

Фудбалерите на ПАОК конечно успеаа да разбијат монотонија малце во грчкиот шампионат каде само во последниве 23 години Олимпијакос освои 19 титули во домашното првенство. ПАОК стигна до третата титула во својата историја на која чекаше од 1985-та година. Солун не спиеше.

42 трофеи освои, нормално дека ќе плива на суво

Со победата против Монако и освојувањето на титулата во Франција, Дани Алвеш стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот. И после како да не се глупира во соблекувална, па не Роналдо и Меси, туку никој друг нема толку.

Михајловиќ ја држи Болоња прва во последниве 7 кола

Тренерската смена знае често, многу често да упали кога ќе дојде густо, а последен таков пример е оној со Синиша Михајловиќ кој откако го замени Филипо Инѕаги, вади резултати како никој во Серија А.

Дриблинг за кој не помага и боречки зафат

Хан Карлос Хуртадо е за нас тотален анонимус, бидејќи е од Венецуела, роден 2000-та, а игра за аргентинскиот прволигаш Гимназија. Малиот изведе нешто невидено до сега, а противникот џабе се реши на борење. Прво појма немаше каде е топката, а Хуртадо барем успеа да ја подаде на свој човек.

Загревањето на голманот на ПСЖ

Килијан Мбапе не е единствениот фудбалер на ПСЖ со атлетска душа и способност. Сте го виделе ли голманот што им работи? Ама не Џиџи Буфон, туку Алфонс Ареола. На скок со стап може да го пратат и тоа директ на Олимпијада.

Килијан Мбапе, 50 метри со пречки за 5 секунди

Хет-трик за Мбапе против Монако, титула за ПСЖ на пет кола до крај и 30 голови за младичот со кои го израмни рекордот на Анри на најмногу постигнати голови во една сезона на еден француски фудбалер. Него нас друго ни е муабетот.