Фудбал

Како Пандев ја следеше драмата на Меаца вредна опстанок

Фиорентина и Џенова во последното коло од Серија А одиграа калкулантско реми од 0:0, се со цел и двете екипи да се спасат. Ама за тоа да се случи, Интер мораше да го совлада Емполи и да го испрати во Серија Б.

Првиот фудбалер на светот кој ги освои сите најголеми трофеи

Шпанскиот репрезентативец Педро досега во кариерата со Барселона, Челси и Шпанија има освоено 25 трофеи меѓу кои и највредните во фудбалот, со што стана единствен во историјата.

Нема фрки меѓу Игуаин и Луис, се смирија

Тензијата меѓу Гонзало Игуаин и Давид Луис кои се срчнаа на 24 часа пред финалето на ЛЕ е минато. Фудбалерите на Челси ги надминаа недоразбирањата после лактот кој Аргентинецот го попи од Бразилецот, па дури и кажаа дека се сакаат.

Господинот кој цела сезона го ругаа и критикуваа, на крај испадна шампион

Притисокот кој Сари го издржа во текот на сезоната е стварно за раскажување. Секој ден излегуваа наслови со негова смена, со шут-карта, а со неговиот авторитет голманот Кепа проба да брише под. На крај Италијанецот покажа дека е многу голем стратег.

Жиру: Ти благодарам Арсенал

Некој вришти, друг тегне пивце, а Жиру си го ремети претходниот клуб или веројатно му се заблагодарува што го пуштиле во средина каде го освои првиот европски трофеј. Тој што ја одржува атмосферата со микрофон, ако слушаме добро после коментарот на Жиру вели: Сака нов договор.

Акцијата со која Челси потврди дека игра прекрасен фудбал

Сините го носат во клупскиот музеј на „Стемфорд Бриџ“ и вториот пехар од Лига Европа, освоен во Баку со моќни 4:1 против Арсенал. Играше Челси убав фудбал за око сите 90 и кусур минути.

Еден Азар - играч број 1 на сезоната во секој поглед

Ако некој играч во денешницава е најадекватно да го ставиме во ист кош со Роналдо и Меси, тоа дефинитивно е Азар. Човекот без кој Челси немаше да биде истиот изминативе 7 години и човекот кој сигурно многу ќе им фали на Стемфорд Бриџ.

Маурицио Сари се радувал и на освоен Куп на Серија Д

Во годината кога Роман Абрамович го купува Челси, 2003-та, Маурицио Сари е на почеток на тренерската кариера и со анонимниот клуб Сансовино го освојува Купот на Италија за екипите од Серија Д.

Арсенал во нокаут на лондонското финале во ЛЕ

За 23 минути игра во второто полувреме од финалето во Баку, Челси и Арсенал понудија богата серија на дури 5 погодоци од кои 4 завршија зад грбот на Петр Чех. Челси ја освои Лигата на Европа со головите на Азар, Педро и Жури. Еврогол на Ивоби за публика.

Нека свирне крај за да престанам да глумам

Тоа се тие тешки повреди од кои се умира. Аха повреди, лажги со опашки.

Последниот европски трофеј Арсенал го освои пред 25 години

Ако сте заборавиле или не сте знаеле, Купот на Куп победници беше европски турнир кој поживеа од 1960-та до 1999-та година. Во него играа победници на купови во своите земји, сериозни екипи, а еднаш го освои и Арсенал.

Џентлменски гест на Џенаро Гатузо

Во долгата низа на тренери кои се обидоа да го пронајдат вистинскиот лик на Милан и да го вратат во ЛШ помина и Рино. Зборуваме во минато бидејќи синоќа си поднесе оставка, но и покрај доста заебаниот карактер си замина како господин човек кој не мисли само на својот г`з.

Најлудите 45 секунди во аргентинскиот фудбал сезонава

Алмагро и Централ Кордоба го играа реваншот од полуфиналето на баражот за пласман во повисок ранг. Ваква кланица со волку стартови нема ни во ММА борбите. Судијата подели пар црвени картони и едвај ги смири фудбалерите. На крај Алмагро одново победи 2-1 како и на првиот меч и ќе игра во финалето на плејофот против Сармиенто.

Една доста симпатична корејска фудбалска приказна

Ниту нешто ни значат имињата Гојанг Ситизенс и Ра Дае Гван, ниту сме чуле некогаш за нив. Ама тоа е најмалку битно. Важна е верноста во оваа куса сторија на нивниот единствен навивач кој успеаа да го расплакаат.

Карактерот по дриблинг се познава

Младиот фудбалер на Крузеиро, Вевертон (19) бил повикан од селекторот на Бразил Тите да пополни место на тренинзите пред Копа Америка. А малиот без страв „го искина“ Нејмар.

Видео од лактот на Луиз кон Игуаин на тренинг

Откако англиските медиуми кои се во Баку објавија видео на кое се гледа вербална расправија меѓу Бразилецот и Аргентинецот, се појави и ново на кое може да се види зошто Игуаин му бил бесен на Давид Луиз.

Каков цар е Почетино, сака на клупската фотографија во финалето да се сликаат и резервите

Во сабота вечер од 21 час во Мадрид ќе се игра големото финале на Лига на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем. Играчите тренираат, тренерите смислуваат тактики, навивачите спремаат дресови и шалови.

Игуаин и Давид Луис се скараа на тренинг, Сари напушти бесен

Челси одржа скроз непосакуван тренинг на само 24 часа до единствениот меч кој може сезонава да им донесе трофеј.

Врти во станица, овој носи дрес на Мхитарјан

Тензиите меѓу Ерменија и Азербејџан кои датираат од конфликтот во 1991-ва година се толку големи, што човек треба да внимава кога шета во Баку кој дрес на Арсенал ќе го облече. Финалето од ЛЕ е вечер. Џандариве се непотребно напнати.

Хобито на Спалети

Еден ден откако обезбеди пласман во Лига на шампиони со Интер, Лучано Спалети објави фотка на Инстаграм од својот плакар наменет за дресови.

Проба, проба, ен-два-три, проба

Европската фудбалска јавност не престанува да плука по УЕФА поради одлуката финалето на Лига Европа да се игра во Баку, главниот град на Азербејџан. Што поради тешката достапност, што поради далечината, што поради ред други работи. Арсенал и Челси вратиле по 6.000 карти назад во УЕФА зошто немало интерес меѓу нивните навивачи да патуваат толку далеку сред работна недела. А карти враќале и спонзорите на УЕФА.

Бразилецот кој на телевизија разбра дека е викнат во репрезентација

Објавувањето на списокот репрезентативци за следните натпревари е право шоу и празник во Бразил. Таму се собираат цели фамилии со играчите и чекаат да го слушнат нивното име на списокот. Во Бразил наскоро почнува врвната Копа Америка.

Венгер имаше дриблинг или обид за дриблинг со Зидан?

Да бидеме сериозни и да признаеме, а и Арсен да признае дека тоа не може да се случи, па макар Зидан реши да стои. Од хуманитарниот меч во Франција, бајаги сајтови го ребрачат легендарниот стратег на Арсенал дека имал некаков си обид за дриблинг против кралот за таа работа.