Фудбал

Пријатели, да не се заборавивте малку со рекламата на дресот

Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!

Јуве за Ајакс, Де Лихт и Рајола дава вреќи со пари

Еден од најгласните трансфери летово и официјално се оствари: Јуве објави дека потпиша договор со 19-годишниот стопер на Ајакс Матеијс Де Лихт кој ги чини „ѓавол и пол“ пари.

Јунакот од Зимбабве кој со автостоп поминал повеќе од 10.000 километри за да ја гледа својата селекција

Толку многу сакал да ја гледа својата репрезентација на Африканскиот Куп на нации, што морал да помине преку 10 земји, за да стигне до крајната дестинација - Каиро, Египет каде добил карти за финалето поради неговиот јуначки подвиг.

Не можеш со Златан да садиш краставици

Проба нешто новинаров да го чепне во стил дали сè уште мисли дека е најјак играч во САД, кога друг играч од градскиот ривал имал повееќе голови од него, ама ништо од муабетот. Си се насанка и си призна кој е кој.

Пригодно видео на Ајакс за збогум со своето дете

Младиот стопер Де Лихт конечно стигна во Јувентус. Ќе игра покрај карпите Бонучи и Киелини од кои може многу да научи. Неговиот довчерашен клуб со кој стигна до историско полуфинале на Лига на шампиони се збогуваше со него.

Пет јазици зборува дебелото

Мино Рајола е вака неугледен и се шета со шорц и маички од по 5 евра, ама многу јака фаца е во светот на фудбалот. Тоа што ние го гледаме како таков, него уво не го боли. Дечкото е полиглота, што му олеснува во преговорите кога ги прави милионите. Роден е во Италија, а има и холандски пасош.

Игуаин vs Роналдо во спринтерски дуел

Малку не е на место насловов, бидејќи глупаво е да ги ставиш во еден ваков дуел, ама еве нека не биде така. Да видиме каков старт има Гонзало, а каков Роналдо на тренинг на Јуве. 

Ги прави најјаките трансфери, а се шета како во Љубаниште

Му го донесе на Јуве Матијас де Лихт за 75 милиони евра, трансфер од кој се пишува дека ќе лапне 11 милиончиња во џеб. Да е само овој јак трансфер. Веќе не се памети на кои сè јаки играчи им е менаџер. Место на таа моќ и пара да се скоцка убаво, тој пристигна во Торино како клошар и ич не му чуе.

Додека викаа птичка, им влета омилениот фудбалер на Арсенал

Навивачи на Арсенал во Лос Анџелес прават заедничка фотографија и во еден момент им се уфрлува стандардниот десен бек на „топџиите“, шпанскиот репрезентативец Белерин.

Еден обичен тренинг на Роналдо во Јувентус

Еуфорични по доаѓањата на новите засилувања Де Лихт, Рамзи и Рабио, бјанконерите ги почнаа подготовките за новата сезона. А Роналдо од старт покажа дека летово не кркал ко Азар и Бен Једер.

Како работи Академијата на Георге Хаџи која со свои деца стана шампион на Романија

Најголемиот бисер на романскиот фудбал, Јанис Хаџи, кој блесна на младинското Евро У-21 беше мета на најголемите европски клубови, но се реши да потпише со белгиски Генк. Претставник е на академијата на легендарниот Георге кој му е татко.

Патот на Роберто Баџо и Италија на Светското 1994

Џанлука Паљука, Паоло Малдини, Франко Барези, Антонио Конте, Дино Баџо, Роберто Баџо - плејада врвни италијански фудбалери кои тргнаа послабо на Мундијалот а потоа маестрално стигнаа до финалето каде се случи легендарниот пенал на „малиот Буда“:

Крвничкиот старт на Гобељиќ за кој бараат долга казна

Црвена звезда во квалификациите за Лига на шампиони со 2-1 ја победи Судува, но мечот остана во сенка на бруталниот и без мозок старт на Марко Гобељиќ над Литванецот Ваидас Ставицкас на 40 метри од својот гол. Гобељиќ доби директен црвен картон, а гостинскиот тренер побара што подолго да го казнат зошто неговиот играч го чека пауза од најмалку година дена.

Битно се потрудил човекот

Уште не го облекол дресот на Јуве и не заиграл во Италија, а веќе поднаучил да парла. Првиот прес го одржа на англиски, но на италијански кажа дека веќе го учи и италијанскиот, што е за почит. Бејл на пример уште кубури со шпанскиот, а 6 години е во Реал.

Циркуз медрано направија од пеналиве

Фиорентина против Гвадалахара од Мексико на пријателска. Нормално дека Италијанците ќе победат 2:1, кога имаш ваков пеналџија за кој едниот од коментаторите рече: Најлошиот пенал што сум го видел до сега.

Прослава број 1 додека му дофрлаа од публика

Еден од оние беламиевски луди напаѓачи кои нема проблем да се степа во паб ако некој го закача. Крис Бојд, шкотскиот центарфор во кариерата играше за Килмарнок, Ренџерс, Мидлзборо, Ешкишехирспор и Портланд. Еднаш како фудбалер на Килмарнок на мечот против Абердин дава гол од пенал и зафркава некој дебел противнички навивач.

Ножичките на плажа за кои зборува фудбалска Италија

Габриеле Гори е фудбалер на плажа, игра за тимот на Вијареџо и за италијанската репрезентација во фудбал на плажа. Голот кој го дал во 5. коло од Серија А меѓу Вијареџо и Катанија е сензација.

Јуве ексклузивен партнер на PES 2020

Конами продолжува да ги стекнува правата од најголемите светски клубови, со што му нанесува голем удар на најголемиот ривал EA Sports.

Контурите на новиот Интер сериозно го предизвикуваат Јувентус

Едно е сигурно - ќе гледаме трка меѓу „Сарибол“ и прагматичниот жесток стил на Антонио Конте. За разлика од претходните сезони кога не знаеше кај тера, Интер овојпат делува, макар наизглед, сериозно намерачен да му се испрси на Јувентус.

Договорот на Десаи и Турам како да го сопрат Роналдо пред финалето 98-ма

Тренинг пред големото финале на Светското првенство во Франција. Марсел и Лилијан дискутираат со тренерот на репрезентацијата што сè може да им направи Бразилецот.

Навивач на Арсенал за време на преодниов рок

Додека сите се журкаат со трансферите и вестите за нови засилувања, навивачите на Арсенал не можат поштено да се израдуваат.

Некоја жица ставиле монтажериве, нема друго објаснување

Бразилска фудбалска лига, корнер, топката по центаршутот во еден момент сама отскокнува во воздух.

Бразилскиот гол кој никогаш не старее

Во финалето на Светското 1970-та во Мексико Сити, на стадионот „Ацтека“ пред 107.000 гледачи, Бразил со 4-1 ја згромува Италија. Резултатот го отвора Пеле, а го затвора Карлос Алберто после една типична самба акција.

Французите немаат дерман од Африканскиот Куп на нации, уапсени 282 лица

Алжир тивко го почна Африканскиот Куп, но како одминува турнирот, ги победија сите противници и стигнаа до финалето. Славјето на овој успех донесе хаос на улиците во Франција.