Фудбал

Дриблинзи боли глава

Некогаш го гледаме од најдобрите фудбалери на денешницата, а некогаш и од анонимни играчи од различни континенти. Дриблинг после кој се држат за глава сите присутни на трибините.

Јапончето прави чуда во Реал Мадрид, Барса ќе се гризне од мака

Тренер од светски познатата академија Ла Масиа, призна дека најголемата грешка им била што го пуштиле малиот Такефусо Кубо да замине од Барселона. А летово Реал Мадрид го грабна Јапонецот и тој веќе ги забавува соиграчите на тренинзите.

Со што точно се соочува Синиша Михајловиќ?

На 13 јули, српскиот тренер кој ја спаси Болоња од испаѓање, соопшти дека боледува од леукемија, после што му стигнаа илјадници пораки од сите страни со желба за поскоро оздравување.

Голот од слободен удар во 95-та минута кој фрли во транс милиони Алжирци

Африканскиот Куп на Нации мораше да стигне до полуфинале за да се нагледаме голови, акции, шанси, пречки, стативи, пенали. Алжир ја совлада Нигерија со 2-1 со страшен гол на Ријад Марез во судиското продолжение (90+5 минута) и фрли во еуфорија милиони Алжирци во земјата и странство (читај Франција).

Елиф Елмас го знаат и како Кари

Додека Фенербахче и Наполи наводно се тегнат околу сумата за него, бидејќи Италијанците нуделе 15, а Турците бараат 20 милиони, Елмас шутира тројки од паркинг. Како велат старите, убаво е човек да знае и втор занает.

Како тоа дриблинг со глава кроз нозе?

За детево велат дека од овој момент играло фудбал само на еден начин. На Сони.

Историски глауч на денот

По долга дводецениска кариера, двометрашот вчера потврди дека се повлекува од фудбалот. Тоа е за пофалба бидејќи играше на позиција напаѓач до 38 години.

Балкански дил на Видиќ и Бербатов во шеснаесетник

Бугарскиот напаѓач се мести во шеснасетник да ја збрца по изведен слободен удар на Роналдо, ама пола гол е на Немања кој му кажал на српски дека ќе му прави блог, за никој да не ги разбере. Договор е повеќе од успешен.

Најубавиот гол во кариерата на човекот кој денес заврши кариера

После 467 меча во Премиер лига со 108 гола и 58 асистенции, харизматичниот Питер Крауч (38) кој забележа 42 настапи за Англија со 22 гола, денес објави дека ја завршува својата фудбалска кариера.

“Слабо“ паричиња ќе се делат во Лига на шампиони

Лига Европа е ситна риба во однос на Лига на шампиони. Фондот за тоа натпреварување е четири пати послаб од најелитниот. Едно реми да изиграш во ЛШ и во клупска каса ти легнуваат 900.000 евра. Годишен буџет за еден македонски клуб. Од прилика.

Да пожонглирам со багеристов на пауза

Додека мајсторите одмораат со ладно пиво, главниот проектант си игра со багеристот.

И Барди троа да се пошали

Македонскиот репрезентативец се врати на подготовки во Леванте за да се спрема за сезоната број 3 во шпанското првенство. На пик го фати новинарот со кој тераше малку мајтап.

Ваков глумец не е виден во 150 години фудбал

Рами Бенсебаини од Алжир дефинитивно заслужува дебела суспензија бидејќи оваа снимка е срамна за сите пари. Му ја зема раката на Заха да се поудира по фаца и потоа падна ко покосен како да го тепале со боксови. Е не сме виделе вакво нешто до сега. Инаку Алжир го доби четвртфиналето против Брегот на Слоновата Коска на пенали.

За стариот Роналдо немаше лош терен и лоши услови за игра

Априлска вечер во Москва. Интер игра против Спартак на стадионот на Динамо. Во составот Паљука, Бергоми, Занети, Симеоне, Заморано, Роналдо... Бразилецот на буквално земјен терен играше самба со топката.

Интересен тренинг на Наполи

Во исчекување на новите засилувања меѓу кои се споменуваат нашиот Елмас, Хамес Родригез и Ирвинг Лозано, фудбалерите на Наполи тренираат под надзор на Карло Анчелоти. Имаа забавна игра на тренинг.

Барса ќе игра во легендарните дресови со кои го освоила првиот европски трофеј

Каталонците од година во година вадат екстравагнтни дресови, некои повеќе а некои помалку убави. Среќа па не им текна онаа розевата циркузантска пак да ја дизајнираат. Овојпат се враќаат на корените, на времето кога Кројф и Ринус Михелс создавале историја.

Страшен гол на поранешен Вардарец во ЛШ

Слован Братислава одигра 1:1 против Сутјеска во првото квалификациско коло од Лига на шампионите. Гостите израмнија дури во 95-та минута и тоа на спектакуларен начин, со еврогол на Црногорецот Дамир Којашевиќ кој играше за Вардар во сезоната 2016/2017.

Кој ги учи вака да се бламираат?

Габриел Барбоса познат како Габигол од што се покажа како толку добар отиде на три позајмици за две години по заминување од Интер, кој џабе фрли 30 милиони евра за него. Погледнете какви маки си има човекот, да не сте му во кожа. Инаку игра за Фламенго.

Тремаџијата кој потпиша со Реал Мадрид

Едер Милитао е новиот Бразилец кој доаѓа во Реал Мадрид. Игра како штопер и се очекува долги години да биде столб на одбраната на кралскиот клуб. Ама голем тремаџија бил, се тресеше на презентацијата.

Како ѕверов го испуштија големите клубови?

Се вика Марио Лемина, има 25 години, а едно време беше дел и од Јувентус за кого настапи на 29 средби. После Јуве отиде во Саутемптон и таму му се губи трага на голема сцена. Сега најново е дека го бараат Арсенал и Манчестер Јунајтед. А како и не би.

Елмас слета на аеродром, ама не во Неапол

Додека италијанските медиуми го преселија во Наполи и тоа со тврдење дека денеска ќе се појави на медицински и ќе потпише за сума од 15 милиони евра, македонскиот репрезентативец мртов ладен се појави во Истанбул и тоа со следниов муабет:

Ресторанот на Меси во Росарио бесплатно храни бездомници

Во Аргентина во моментов е зима со незгодни студови, поради што бездомните луѓе кои се најзагрозени бараат помош. Семејството на Лионел Меси направило убав гест за сите кои немаат каде да се нахранат.

Топ 8 трансфери во Серија А за кои се очекува разврска

Лето е период за трубење, шпекулирање и билдање цени на играчи со помош на освојување простор на насловни страни. Но со оглед на статусот и муабетите за нив, половина сигурно, а можеби и сите овие јаки имиња ќе го сменат дресот.