Фудбал

Анчелоти веќе е во Бразил, го објави првиот список на репрезентацијата

Еден од најтрофејните светски тренери, Карло Анчелоти за првпат во кариерата ќе води репрезентација и тоа не која било туки онаа најегзотичната, селекцијата на петкратниот светски шампион Бразил.

Единствениот човек со 4 Скудета во Наполи оди во пензија

Познавате ли човек со 49 годишен стаж во еден клуб? Во Италија тоа е Томазо Стараче. Легендарниот економ на Наполи и симбол на соблекувалната, кој им го прави најубавото кафе на играчите. Ги фати двете Скудета на Марадона, потоа она со Елмас и компанија, а славеше и викендов. Наполитанците му посакаа долга пензија. Заминува од клубот после половина век работа.

Лука за последен пат во клупскиот автобус накај Бернабеу

Со него завршува една славна ера во Реал Мадрид, клубот во кој царуваше на терен и експлодираше со рекордни 28 трофеи од кои неверојатни 6 во ЛШ. Го теши Лукас Васкез, кој заминува од Бернабеу после 10 години.

Кога Вардарци за Куп трофеј добиле кристална вазна, пепелник и пари колку за фрижидер

Најтрофејниот македонски клуб Вардар има освоено вкупно 6 трофеи во Куп натпреварувањата. Од нив, еден во поранешна СФРЈ и пет по независноста. Првиот Куп трофеј е освоен на 26 мај 1961 година кога во финалето на Купот на Маршал Тито, на стадионот „ЈНА“ во Белград го победи хрватски Вартекс од Вараждин со 2-1.

Емотивниот 3 минутен застој на Бернабеу

Марсело Биелса: „Најтешкиот играч да се најде во фудбалот е оној со број 8. Го нареков „Модриќ“, бидејќи се брани како 6, а напаѓа како 10. Тој има способност да се брани, вештини за напад и разбирање на играта во двата правци“. Марка: Најдобра 10-ка во историјата на Реал Мадрид.

Фото на денот

Триесет и три годишниот доскорешен капитен на Манчестер Сити кој наскоро ќе го гледаме во Скопје на средбата Македонија - Белгија, заминува од премиерлигашот откако му заврши договорот. За 10 години во Сити во кој дојде од Волфсбург освои 15 пехари и 3 лични признанија.

Како изгледаше прославата на Ријека, каде слави нашиот Јован Манев

Заврши седумгодишната доминација на Динамо Загреб во хрватскиот фудбал. Нов првак е Ријека и тоа само поради подобар меѓусебен скор.

Навивач на Динамо упадна во живо за да му се сити на Хајдук

Конечниот изглед на табелата во хрватската прва лига изгледа вака: 1. Ријека 65, 2. Динамо 65, 3. Хајдук 63. Овој навивач на Динамо Загреб не тагува што неговите не станаа прваци, туку се радува што Хајдук не е на тронот, а не е точно 20 години.

АЕК изрежира фарса во Скопје, па уште се правда со глупаво соопштение

По срамот кој го направија синоќа и го уништија европското Куп финале на ЕХФ, Грците одат со глава во ѕид.

Сандерленд со гол во 95-та минута се врати во Премиер лига после 8 години

Во најскапиот натпревар на светот, вреден 220 милиони фунти, во финалето на баражот за пласман во Премиер лига, Сандерленд го совлада Шефилд Јунајтед 2-1 после пресврт. „Црните мачки“ славеа со погодок во последните секунди од мечот кога навивачите излудеа од радост на преполниот „Вембли“.

Преубав гол на Лионел Меси од слободен удар

Интер Мајами продолжува да игра топло-ладно во новата сезона од МЛС лигата во САД. На гостувањето кај Филаделфија се изборија за реми 3:3 со гол дури во 90+5' минута од мечот. Претходно Лионел Меси намали на 2-3 во 87-ма минута со прекрасен гол во негов стил од слободен удар.

Овации, шпалир и солзи: Сантијаго Бернабеу им се поклони на Анчелоти и Модриќ

Со двата гола на Мбапе, Реал Мадрид го совлада Реал Сосиедад 2:0 и ја заврши сезоната на втората позиција. Емотивно збогување со Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукас Васкез.

Рафали за време на интервјуто на Кутињо

Некогашниот бразилски репрезентативец и легендарен фудбалер на Ливерпул и Барселона, Кутињо пред извесно време се врати во својата татковина. Игра за Васко Да Гама. Додека давал интервју за клупската телевизија, во позадина се слушале рафали. Тој се насмеал како да е нешто секојдневно.

Осум години од едно филмско испраќање во пензија

Легенда е недоволен опис за него. Тој е симбол и икона на Рома, а го нарекуваат и принцот од Рим. 25 години во еден ист дрес, а можеше да оди во Реал. Верност каква што денеска не постои во фудбалот. Цел Олимпико плачеше на тој 28 мај 2017-та. Да, треба да снимат филм.

Кога Ханси Флик го запозна ФК Дрвош од Босилово

Фотографијата е од пред 3 години, кога Флик беше селектор на Германија. Веројатно ќе го препознаете тој со капчето. Се работи за струмичанецот Наце Митев, кој редовно ја бодри Македонија во повеќе спортови и патува на гостувања низ Европа. Голем навивач е и на Барселона. Чаршијата зборува дека на оваа средба почнале првите контакти за преселба на Камп Ноу :).

Готово е: Наполи е шампион на Италија!

Во Неапол се славеле големи победи и титули, сјајни голови на Диего Армандо Марадона, но масовна прослава на шампионско скудето како вечерва не се памети! Во последното коло од Серија А вечерва Наполи со 2-0 го совлада Каљари и го сочува првото место пред Интер кој гостуваше кај Комо и исто победи со 0-2.

Карло Анчелоти со емотивно видео се збогува со Реал Мадрид

Реал Мадрид преку официјално соопштение ја потврди разделбата со трофејниот Карло Анчелоти кој одговори на своите профили на социјалните мрежи.

За стажот на Модриќ во Мадрид

И покрај тоа што на есен, кога ќе наполни 40 години, повеќе нема да го гледаме во дрес на Реал Мадрид, сепак долговечноста и формата на Лука до сега е феномен, особено во средина, каде многу тешко се останува на долги стази. За влакно ќе се разминат со неговиот поранешен клупски колега Чаби Алонсо.

Една подзаборавена Скудето битка решена во последно коло

Наполи 79, Интер 78 се во иста ситуација како Милан 67 и Лацио 66 пред точно 26 години. Малдини и бандата беа во делирум, Михајловиќ во солзи.

Како го даде од таму бе мајсторе?

Луд гол падна во Купот на Бразил, најлуд кој ќе го видите денеска. Бомбата ја испука извесен Родригињо за победа на Капитал против Ботафого од 1:0.

Фото на денот со чичко Дончо

Андон Дончевски ти е вистинска вардарова легенда. Најдобриот стрелец во историјата на ФК Вардар со 217 голови, го освои првиот незаборавен Куп на клубот, кој датира од 1961 година. Во финалето на Купот на Маршал Тито, Вардар на стадионот „ЈНА“ во Белград го победи хрватски Вартекс од Вараждин со 2-1. 64 години подоцна, чичко Дончо повторно се радува на истиот трофеј. На 89 години дојде од Австралија за да им даде поддршка на фудбалерите на Градски.

Меси објасни кој му е омилен гол во кариерата

Се работи за финалето во ЛШ 2009-та. Страшни состави имаат тогаш Барселона и Манчестер Јунајтед, предводени од Гвардиола и Фергусон. Пике, Пујол, Чави, Иниеста, Бускетс, Ето, Анри против Евра, Видиќ, Фердинанд, Гигс, Сколс, Тевез, Руни. И што е најважно, тоа е единствениот дуел на Меси и Роналдо во едно финале во ЛШ. Го решија Меси и Ето.

Модриќ: Реал Мадрид ми го промени животот, заминувам со полно срце

Хрватскиот Моцарт меѓу Кралевите мина 13 години, кои во бројки изгледаат вака: 590 настапи, 43 гола, 95 асистенции и 28 трофеи од кои 6 во ЛШ. Плус во 2018-та ги собра трите најпрестижни индивидуални награди: Златна топка, најдобар играч во светот според ФИФА и најдобар играч на Мундијалот. Великан кој ќе фали во фудбалот.