Играа Мехелен и Остенде во Белгија. Во 67' минута шпицот на домаќинот Астер Вранкс го имаше можеби најголемото промашување некогаш видено во белгискиот фудбал. И на крајот како капак на сè, Остенде победи со гол во 90+5' минута на Џек Хендри.
Се сеќавате ли на драмата од полуфиналето на СП 2006 меѓу Италија и Германија која ја решиja Гросо и Дел Пјеро во 119-та и 121-ва минута? Каков финиш беше тоа, на г`з да паднеш.
Најубавата фудбалска химна звучи одлично и со харфа, особено кога ќе ја навежба човек убаво како Ева. Кога ќе ја слушаме на стадионите? За групна фаза ќе почекаме до 20 октомври, уште квалификациите не се доиграни.
Сигурно не колку документарката за Џордан „Последниот танц“, но документарецот за Тотенхем Хотспур „Се или ништо Спарс“ предизвика сериозно внимание. Амазон снима од внатре се што се случувало во клубот и го спакува во интересна документарка. Вреди да се изгледа.
Не е дело на Бироф, Рамос или некој друг специјалист за игра со глава, туку на дечки од италијанската Серија Б кои успеаа да му дадат малку драж на најдосадниот спорт со бришење прашиња.
Откако гледаме фудбал, не се сеќаваме друг играч да се појавил на терен толку брзо после таква операција, да освои Лига на шампиони и да ја добие капитенската лента за да го подигне прв пехарот.
Сагата со Меси го привлече целото внимание на себе, иако Аргентинецот не е единствен играч на Барселона кој летово беше и уште е под знак прашалник. Каталонија сигурно ја напушта шпицот кој одбележа една ера на „Камп Ноу“.
Бранителот на титулата во Франција, со пораз ја почна новата сезона која почна со публика, а одлучувачки беше потегот на 20 годишниот Пољак Марцин Булка кој им подари една топка на фудбалерите на Ленс за конечни 1:0.
Двајцата го предводат пеколниот напад на Португалија. Роналдо е 15 години постар, има 35, Феликс 20, па знае понекогаш да му удри една заушка како постар брат. Особено ако направи слаб потег.
Шангај Ист Азија е еден од најдобрите клубови во Кина, во составот ги имаат Хулк, Марко Арнаутовиќ и Рикардо Лопез. Денес го победија Џингдао Хуангаи со 2-1, ама запазете го голот што за гостите го даде францускиот напаѓач Роман Алесандрини.
Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.
Интер Мајами е нов прволигаш во МЛС американската лига. Еден од сопствениците е Дејвид Бекам. Клубот слабо ја тргна сезоната, имаат учинок 2-2-6. Синоќа победија против Атланта Јунајтед 2-1 благодарение на голманот Луис Роблес кој одбрани 2 пенали. Првиот беше поништен па се изведе втор, Роблес му го фати и тој на Езекјел Барко.
Навивачите на Јуве го паметат од трофејните денови со Липи, а лондончани како нивен славен играч, но и тренер. Сега е повторно заедно со неговиот стар пријател Манчини, посреќен од било кога, што воопшто може да стои и да ја пее националната химна.
Хрватот ретко дава интервјуа, ама кога збори искрен е до болка. За најдобриот германски тренер вика: „Фраерот може знаеше да погреши две години па да се извади со трансфери, ама е јако харизматичен, страшно е интелигентен. Го вади најдоброто од играчите“.
Аргентинецот беше синоним за врвен центарфор, прав голгетер, шпиц сидраш кој ги тероризираше голманите со лева, со десна, со глава, од слободен удар, од пенали, буквално секако. Носталгичарите со посебна драж се сеќаваат на него.
Тиери Анри му прави интервју на Антонио Конте кој во неговата прва сезона во англискиот фудбал освои титула во Премиер лигата со Челси во сезоната 2016/2017. Италијанскиот стратег има краток фитиљ.
Иако неочекувано поведе со 0-1 во 34' минута, радоста на Жељезничар од Сараево во квалификациите за Лига Европа кратко траеше. Макаби Хаифа израмни со страшниот гол на 10-та Тјарон Чери, а до крајот победи со 3-1 и се пласираше во следна рунда.
За време на пријателската меѓу нисколигашот Салфорд и Ман. Јунајтед У21, домашниот играч Момуду Турај промаши нешто што се дава и на сон. На крајот клинците на Јунајтед победија со 0-6.
Не, не ни е вишок буквата “Р“, бидејќи овој не е Андрес Иниеста, туку Андрес Иниестра и е Мексиканец. Вториот пак е Парагваецот Хуан Итурбе, кој играше за Рома. Настапуваат за мексиканскиот клуб Пумас кој славеше на гости 1:2, со две ремек дела.
Валдерама беше препознатлив по тоа што имаше коса како за тројца, а Бартез држеше имиџ како Колина. Еј каква будателинка беше кога требаше да му шутираат пенал. Ќе ги изнервира до таа мера да промашат.
Ако треба да се избере гол на сезоната, ама во пост корона периодот по долгата пауза без фудбал, тоа дефинитивно треба да биде оваа убавина на Порто. После таа закржлавеност дома, момците на Серџо Консеисао кои ја освоија титулата, во претпоследното коло одржаа лекција по тимски фудбал.
Шампионот на Турција, Истанбул Башакшехир ќе игра во групната фаза од Лига на шампиони. Летово купија неколку засилувања, а последното, некогашниот бек на Манчестер Јунајтед и Лион, Бразилецот Рафаел го претставија на баш бофал начин. Демек асоцијација со Рафаел од цртаниот „Нинџа желки“.