Фудбал

И Португалија У-21 како Македонија, 11 гола со Лихтенштајн

Младинската репрезентација на Португалија со 11-0 го совлада Лихтенштајн во квалификации за Европско првенство У-21. Португалците на полувреме водеа 9-0, во втор дел дадоа уште два а речиси цел меч пробуваа гол со ножички. Му успеа на 20-годишниот Гонсало Рамос од Бенфика кој постигна четири гола.

Парагвајците збеснаа по Меси

Во Јужна Америка се играше 9. квалификациско коло за Мундијалот во Катар. Бразилците со 9 од 9 се неприкосновени лидери, а без пораз е и Аргентина, но со 5 победи и 4 нерешени. Синоќа одиграа без голови на гости против Парагвај. Домашните навивачи не го оставија Меси да здивне.

Пандев: Неискуството на селекторот си го направи своето, моравме да освоиме повеќе бодови

Поранешниот капитен и легенда на македонската репрезентација верува дека Македонија уште има шанси да се пласира на Светско првенство, но ќе мора да помине потежок пат.

11-те гола на Македонија против Лихтенштајн

Мислевме дека Јутјуб не држи снимка од рекордот на Македонија, стар 25 години, ама изненади. Тони Мицевски ги излета тројца како деца, плус голманот, Митко Стојковски ја опали опасно со левица, а Дејви Главевски дебитираше со хет-трик за репрезентација.

Која е дамата која ги донесе најбогатите Саудијци и Катарци во Премиер лигата?

Њукасл и официјално премина во сопственост на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Фронтмен на целата зделка е Аманда Стејвли, британска бизнисменка која со години е на насловни страни во тамошните таблоиди.

Нека се спрема Европа, навивачите на Њукасл слават, клубот го купи фонд од Саудиска Арабија

Сонот на навивачите на Њукасл се остварува - омразениот Мајк Ешли со кого со години водеа војна конечно го продава клубот и ќе му го видат грбот. Њукасл го купува државен инвестициски фонд од Саудиска Арабија (PIF – Public Investment Fund) - најбогат фонд на светот. Зделката е официјална, објави и Премиер лига.

Спектакуларниот пресврт на Франција против Белгија, вреден финале

По падот на европскиот првак кој капитулираше дома од Шпанија, гледавме уште една полуфинална мега пресметка во Лига на нации. Оваа беше многу подраматична и понеизвесна, а ја доби актуелниот светски шампион кој од 2:0 на полувреме, ја сврте на 2:3 во 90-та минута со голчиште на Тео Хернандес.

Внесување резултат на ултра модерен начин

Урнебесната сцена е од квалификацискиот меч за ЕП У-21 меѓу Португалија - Лихтенштајн. Прво мислевме дека е некоја заебанција, а тоа да ти било проблем. Во 63-та минута при водство од 10:0, пазете што се случува. Инаку 11:0 заврши.

Тренерот на Големо Коњари од утре ќе шепоти

Пак се изборивме за место во Сеоски фудбал, два пати за еден ден. Прво со урнебесната сцена од прволигашкиот, а сега и од нисколигашкиот фудбал. Иљоооо види го бе гојдо, рече прилепскиот стратег.

Занимливиот пат на врвниот стрелец и прв црномурен стрелец во 123 годишна историја на Билбао

Ињаки Вилијамс (27) е неверојатно интересен фудбалер, лидер на Атлетик Билбао, клубот симбол на Баскија. Не само што одигра 203 меча по ред без да пропушти ниеден, не само што се изнадава голови за екипата, туку раскажа и фасцинантна сторија за патот на неговите родители до Шпанија.

Историската средба на Франција и Алжир, која требаше да биде чин на помирување

Битката беше фудбалска, но сепак и до ден денес се доживува како откривач на една од француските поделби, ослободувајќи страсти за идентитет. Надежта дека повторно ќе се сретнат овие две земји во мирна клима, остана само пуста желба на Французите.

Кој е Гави, детето што заигра за Шпанија и ја импресионираше Европа?

Пабло Мартин Паез Гавира или скратено и попознат како Гави е малиот кој осамна на насловните страни на многу европски медиуми денес.

Италија изгуби официјален меч дома за првпат од 1999-та година

Во првото полуфинале од Лига Нации, Шпанија ја совлада Италија на „Сан Сиро“ во Милано 1:2 и ја прекина серијата на „аѕурите“ од 37 меча без пораз.

Се тркалаше како Нејмар па ги изнервира присутните и настана хаос

Форталеза со 0-2 на гости го победи Флуминенсе, а во еден момент од средбата ветеранот Фред се напна кога противнички играч почна да глуми и да се тркала како да го погодиле со ракета.

Свирежи за Донарума уште на прв допир со топка

Европскиот првак немаше своја ноќ синоќа на Сан Сиро. Крај на импресивната серија на Роберто Манчини од 37 меча без пораз и стави одличната Шпанија на Луис Енрике, а со непријатни моменти се соочуваше Џиџо Донарума. Навивачите на Милан уште пред мечот најавија дека не е повеќе добредојден во Милано.

Хернанес се изнервира или е многу жеден?

36 годишниот Бразилец се прослави во Лацио, потоа заигра за Интер и Јуве, па му се подзагуби трагата. Еве го бе, кој го бараше? Се јави од бразилскиот тим Ресифе.

Селска финта во мак фудбалот, последен пат видена во 90-те

Селската финта совршено се вклопи во мега популарната Фејсбук страница „Сеоски фудбал“, која е насочена главно кон балканштината. Горд на неа е навивач на ФК Скопје во дуел со играч на Академија Пандев. Значи зборуваме за прва лига.

Шпанска магична тики-така на 60 метри далечина

На последниот тренинг на Шпанија на величествениот „Сан Сиро“, каде вечерва од 20:45 ќе играат со Италија во полуфинале на Лига на нации, Феран Торес и Родри демонстрираа невозможна контрола на топка со долги додавања од 60 метри растојание.

20 години од најпознатиот слободен на Бекам во кариерата

На „Олд Трафорд“ на 6 октомври 2001-ра година во последното коло од квалификации за Светско првенство 2002, Англија играше со Грција. Англичаните и Германците имаа исто бодови на табела и го држеа првото место.

Артуро Видал пак гипс се направил

Еден се мести да вози, друг му отвора врата, а тој едвај стои на нозе и се слика со фанови. Во еден момент колут назад фати да прави на Ферарито, па се вклучи алармот. Драма.

Од Белорусија стигна необична прослава на гол

Во белоруската најдобра лига фудбалерите на Гомељ во саботата на домашен терен на стадионот „Централњи“ играле против Славија. Мечот завршил 3-0 за Гомељ, а гледачите ќе ја памтат креативната прослава на еден од головите.

За спринтер во контра само Хакими му е мајката

Тргна од својот шеснаесетник, го мина цел терен како молња и ги претрча сите кои ќе ги видите во видеото. Што сакате повеќе? Во Борусија Дортмунд му измерија 36,49 км на час, апсолутен рекорд во историјата на Бундеслигата.

Чичко ви Чави да ве научи да играте како Барселона во мое време

Мозокот со топка кој 17 години везеше на Камп Ноу, веќе две и кусур години на фудбалски занает ги учи во катарскиот клуб Ал Сад, истиот каде ја заврши играчката кариера во 2019-та. И одлично му оди ако се суди по извонреднaва акција. 8 потези од гол на гол од кои 7 на прва. Совршено одиграно.

Тешка и навредлива порака за Донарума од навивачите на Милан

Титулата европски првак, признанието за МВП и интервенциите во финалето за Италија, не го перат Џиџо за начинот на кој го напушти Милан. Го пречекаа така како што не би посакал ниту еден повратник.