Фудбал

Во португалски фудбал со пукање пиштоли расчистуваа тепачка

Се работи за четвртолигашки меч кој заврши грдо, насилно и небезбедно со рафални истрели.

Необична асистенција на Елмас до Виктор за победа на Наполи

Наполитанците не знаат што е ни пораз, а ниту нерешен резултат во Серија А. Стартот им е перфекција изразена со 8 победи, 19 дадени и 3 примени гола. Торино го совладаа на 10 минути до крај со голот на Виктор Осимен на асистенција на Елмас со грб.

Навивачот на кој му беше најслатка победата на Вардар

Со головите на Блажевски и Грозданоски, Вардар на стадионот во Маџари го совлада Охрид Лихнидос со 2:0. Натпреварот се одигра во 14 часот, идеално време за терање двојни ќејфои. 

Салах мајсторе имај милост

Клаудио Раниери имаше „деби од соништата“ на клупата на Ватфорд и „само“ 0:5 загуби од Ливерпул. Хет-трик постигна Фирмино, ама спектаклот му се препишува на феноменалниот Мохамед Салах кој на осум меча по ред постигнува гол. Денешниот му беше ремек дело, исто како и асистенцијата до Мане.

Дриблингот за кој сите зборуваат во Јужна Америка

Мислевме дека сè сме виделе од атрактивни потези на мундијалските октомвриски квалификации, а сме го испуштиле главниот и тоа на Колумбиец кој уништи двајца Бразилци. Луис Диаз од Порто во дуел со ѕвездите на Јунајтед и ПСЖ, Фред и Маркињос. Ги испрати дома.

Шаќири во комбинација со Зоран Михајлов vs Англија, незаборавно и неповторливо

16 октомври, 2002-ра. Најавна шпица од дневникот на МТВ и потоа имаш ова: Шаќири, Шаќири и гоооол, гооооооооооол, води репрезентацијата на Македонија. Каков резантен удар, ова беше вистинска уметност.

Симпатичен лапсус на претседателот на Барселона

На „Камп Ноу“ се задоволни што потпишаа нов и долгогодишен договор со нивниот голем бисер, младиот Педри (18) кој веќе е стандарден репрезентативец на Шпанија и игра сериозен фудбал. Откупната клаузула ќе му биде страшни 1 милијарда евра. На потпишувањето на договорот, Лапорта раскажа како уште од мал го памти Педри и како му се потпишал на дресот, а сега Педри потпишува со нив.

Ибрахимовиќ за Моџи: Тој човек зрачеше со моќ

Златан на 3 октомври наполни 40 години. Го отвори Нада Топчагиќ со „Јутро је“, ама овој текст сега не е за тоа, туку за неговите двајца, односно тројца најмоќни гости, кои се од најголема важност за неговата кариера во Италија. Едниот го донесе, а другиот му тропна на врата дома во Шведска.

Како би звучеле наши познати луѓе на коментаторско столче

Имитаторскиот микс се состои од политичари, актери, новинари, а најјако ги кине Иванов, Заев, Кили и Стојанче Ангелов. Ма одличен е, денот ни го направи.

Чудната традиција од време на каудиљо Франко - зошто шпанските судии се познати по две презимиња

Филмски занимливо е потеклото на обичајот шпанските арбитри да носат две презимиња, а не стандардно име и презиме како секаде во светот. Зошто?

Хируршка прецизност на Халанд со три топки на мета за пикадо

Само што објавивме видео од мал како ги дроби другарите во балон, излезе тазе воодушевувачка снимка од тренинг. 21 годишниот Норвежанец е генијалец. Топките ги нареди една врз друга и успеа да погоди во истиот агол, без да му паднат.

Гаскоњ не научи сам да станува од кафана

Англиската фудбалска легенда во февруари годинава рече дека од сега ќе пие само по неколку чаши вино или пиво, само тогаш кога ќе сака, ама не секој ден. Е сега во изјавата стои и уште нешто кое вели вака: „Секогаш ќе бидам алкохоличар“. Најновата снимка е од рибен ресторан во Борнмут, каде келнерот му викнал и го однел до такси.

1 минутно лудило со Антонио Ди Натале кој наполни 44 години

Рекордер во Удинезе со 385 настапи и 191 гол и шести најдобар стрелец во Серија А. Во периодот 2009-2011 постигна 67 гола, помалку само од Роналдо и Меси, а во декадата 2010-2019 беше најдобар стрелец во Италија со 125 комада. Тото е легенда на Удинезе кој не го напушти за ниту едни пари и еден од најпотценетите италијански напаѓачи. Погледнете какви евроголови даваше.

Видео од Халанд на 13 години, уште тогаш многу посилен од врсниците

Норвешкиот Stavanger Aftenblad објави ретко видео на кое се гледа како најголемата млада фудбалска ѕвезда на денешницата за која се борат гигантите, уште како мал на 13 години имал разорна левица. Видеото е снимено од меч во балон за фудбал во Норвешка.

Сите во петок на Олд Трафорд се заблажуваат со торта, а Роналдо јаде авокадо, киноа и варени јајца

Резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Ли Грант открива која е разликата меѓу Роналдо и соиграчите кога тимот седнува на вечера. Сите јадат благо, а Португалецот ја има најчистата и најздравата чинија.

Како се спремаат Германците: технолошка иновација од голф, разни погледи и внимание на секој детал

Кај нас со право одамна е одомаќинето мислењето дека „Германецот не остава ништо на случајот“ и дека „кај нив нема трте-мрте и сè е црно на бело“. Во секоја област, па и во фудбалот.

Џенова се потсеќа на уникатниот гол на Пандев против Сасуоло

Џенова и Сасуоло се среќаваат во недела во рамките на 8. коло од Серија А, а Твитерџијата изгледа не можеше да дочека и уште од сега го објави со мајтап: „За нас овој гол на Пандев секогаш ќе биде достоен за Пушкаш награда“.

Најскапо платениот фудбалер во историјата на Баерн Минхен може да оди во затвор во Шпанија

25-годишниот светски шампион со Франција кој на времето беше војник кај Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, на 1 јули 2019-та година потпиша со Баерн Минхен кој за него плати рекордни 80 милиони евра. Никогаш Баварците во историјата не потрошиле толку многу пари за трансфер.

Самир Насри дојде на фудбал од ручек кај баба му

На прекрасниот „Велодром“ во Марсеј се одигра хуманитарен меч „Натпревар на хероите“. Играа многу поранешни и сегашни ѕвезди од светот на спортот. Дидие Дрогба очекувано беше главен лик, а најмногу коментари предизвика Самир Насри кој пред само три недели заврши активна кариера.

Андреас Переира го постигна голот на кариерата

Бразилецот уште е член на Манчестер Јунајтед, кој ова лето го прати на позајмица во Фламенго, четврта после оние во Гранада, Валенсија и Лацио. 13 гола има во кариерата. Ваков сув лист ниту дал, ниту ќе му успее повторно. Бомба ала Жунињо.

Не можеш така да градиш топка кога ќе те нападне Алфонсо Дејвис

Канада ја совлада Панама со 4:1 во мундијалските квалификации, а сите зборуваат за начинот на Дејвис го постигна голот за 2:1, односно како една скроз неочекувана ситуација ја претвори во гол. Канаѓаните изгледа сега сфатија каков играч имаат во репрезентација. Во транс се.

20 годишниот Тоти vs Милан со Барези

Репрезентативниот фудбал ќе го разбиеме со ретро потсетување од дуел меѓу Рома и Милан, одигран пред 25 години, кој се најде во фудбалскиот италијански времеплов. На Франко Барези и другарите им преостана само да уживаат како гледачи на ова мајсторско голчиште на Франческо Тоти, типично во негов стил.

Перфектната Данска која без пораз и без примен гол стигна до Катар

Тешко се стигнува до Светското првенство кое следната година за прв пат ќе го гледаме со тазе направена зимница. На две кола до крајот на квалификациите, им гори под нозе на селекции од европскиот крем, а скандинавците кои играат фудбал со срце, ослабени без лидерот Ериксен, се јунаци од сенка.

Њукасл стиска на педала за гас, Премиер лига нека врзува појас

Њукасл почнува нов живот, навивачите уште се опиени од прославата на веста дека нивниот сакан клуб е купен од Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, најбогат фонд на светот (х пати побогат од фондовите на сопствениците на Сити, ПСЖ и многу други премиерлигаши).