Фудбал

Пандев ќе игра уште - потпиша нов договор со Џенова

Уште една сезона ќе уживаме во фудбалските мајстории на генијалецот од Струмица кој откако се повлече од репрезентативната кариера, реши да одигра уште една година на клупско ниво.

Виљареал има играч од челик: Играше на Европско, на Олимпијада и во Суперкуп

После Олимписките Игри во Токио, му се восхитувавме на младиот бисер на Барселона, Педри, кој на 18 години одигра 73 меча во сезона! Притоа заборавивме на еден друг шпански фудбалер кој исто играше до изнемоштеност.

Како изгледаше првиот тренинг на Меси и дружбата со Серхио Рамос

Аргентинскиот великан веќе се запозна со клубот, со луѓето од управата, со навивачите, а конечно излезе и таму каде што најмногу сакаше, на терен меѓу соиграчите.

Фудбалската репрезентација драстично падна на ранг листата на ФИФА

Трите порази на историското прво Европско првенство летово, репрезентацијата на Македонија ја чинат драстичен пад на светската ранг листа.

Челси го освои Суперкупот на Европа, блесна 22-годишен дебитант кој е дете на клубот

Еден од најдобрите фудбалери во Суперкупот на УЕФА кој Челси го доби на пенали против Виљареал, беше 22-годишниот стопер Тревох Чалоба кој за првпат заигра за првиот тим на „сините“ кои до сега го праќаа на разни позајмици.

Бројот 30 го носат само голмани, ама ќе направиме исклучок за Лионел

На почетокот на својата кариера во Барселона, уште таму во 2003-та кога дебитираше за прв тим, Меси го носеше бројот 30. Сега и во Париз го почнува патешествието со истиот број на грбот иако во Франција е стриктно дозволен само за голмани.

Тренер на Меси сега ќе му биде сонародник против кого дебитираше пред 17 години

После низа перипетии, Лионел Меси конечно е во ПСЖ. Го одбрал бројот 30 со кој дебитираше во професионалниот сениорски фудбал и го носеше во првите години од кариерата.

ПСЖ преку ноќ стигна до 42 милиони следбеници, дресовите на Меси одат како алва во Париз

Во вторникот на 10-ти август целиот свет на спортот го следеше преминот на Лео Меси во ПСЖ. Идеална илустрација за тоа колку гореше Интернетот се бројките.

Узбекистанецот кој играше со Пандев, сега треба да блесне во Рома кај Мурињо

Ова е приказна за најегзотичниот трансфер летово. Висок центарфор откако научил како се жртвува јаре во Узбекистан, па преку Ростов на Дон стигна до Џенова, сега ќе го води нападот на Рома кој е голема одговорност. Го планираат за наследник на Џеко.

Меси ќе го златат со злато во Париз

Аргентинецот денес и официјално ќе стави потпис на договорот со Пари Сен Жермен. Двегодишен договор вреден 35 милиони евра годишно!

По заминувањето на Меси кои се сега најверни играчи во Топ 10 лигите?

Во април 2020-та, реномираниот германски сајт Transfermarkt објави рејтинг од најверните фудбалери во најдобрите Топ10 лиги во Европа. Половина беа од шпанска Ла Лига, но во август 2021 од таму има само двајца.

Јака сцена од турскиот фудбал со навивач и тренерот на Фенербахче

Португалскиот стратег Витор Фереира кој има богата тренерска кариера, летово пак се врати во Фенербахче. На една пријателска пред старт на сезоната еден навивач од трибините без прекин му урла: „Ферера, фор, фор, ту“ (да игра формација 4-4-2). Витор му се врти и му вика да прекине.

Убавиот гол на Елмас за победа на Наполи

Наполи игра одлично во подготвителниот период. Откако го згромија Баерн со 0-3 среде Минхен, сега победија 2-1 против Асколи. Елиф Елмас го постигна победничкиот гол и тоа само 70 секунди откако влезе во игра на теренот. Асистенцијата на капитенот Лоренцо Инсиње е за најавни шпици.

Kараско што направи, Трета светска отвори во Ротердам

Во генералка пред почеток на новата сезона, Феенорд и Атлетико Мадрид одиграа пријателска пред полн стадион во Ротердам. Холанѓаните славеа 2-1 со гол во 90+3’ минута, а Атлетико од 42’ минута играше со играч помалку поради црвениот на Јаник Караско кој за малку ќе отвореше војна по тепачката со Тајрел Маласија па Симеоне го прибра назад.

Вековни кадри на Камп Ноу - Меси во солзи се прости од Барселона

Аргентинскиот ас, најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, денес на прес-конференција во неговиот втор дом на „Камп Ноу“ се прости од саканиот клуб и навивачите.

Бразил игра олимписка самба, златен медал по триумфот против Шпанија

Во фантастично фудбалско финале на Олимписките Игри, одиграно во Јокохама, Бразил поведе со голот на Куња во 45+2' но Шпанија во 61' минута израмни па мечот се реши во продолженијата.

Трогателни сцени од Камп Ноу, навивачи плачеа за Меси

Нешто слично гледавме неколку пати во последните пар години. Меси не беше во добри односи со претходната управа на Жозеп Бартомеу, па често се случуваше да излезе вест дека е разочаран и дека ќе пакува куфери да си оди. Паралено со таквите вести, навивачи се собираа пред „Камп Ноу“ да протестираат и да го молат да остане. Сега дефинитивно заминува.

Правите причини зошто Меси си оди од Барселона после 21 година

Во четвртокот вечер се случи она што веќе неколку месеци беше во доменот на шпекулации. Вечерта кога Барселона требаше да има финална средба со татко му на Меси за новиот договор на Лео, стигна шокантна официјална вест од клубот.

Официјално: Меси заминува од Барселона

После многу шпекулации, конечно клубот Барселона се огласи и соопшти дека Лионел Меси веќе не е член на каталонскиот гигант.

Мис Италија 2019 ќе води емисија за Серија Б

Каролина Страмаре од Џенова е родена во 1999-та. Во 2019-та беше избрана за Мис на Италија. 22-годишниот модел е избрана од платформата Хелбиц Медија да ја води емисијата посветена на фудбалските дуели во Серија Б.

Боби Милевски нов селектор на Македонија: „Не би рекол дека игравме офанзивно до сега“

Миленикот на претстедателот на Фудбалската федерација на Македонија денес и официјално го наследи Игор Ангеловски на клупата на репрезентацијата.

Мајсторија од ножички за асистенција

Норич со 5-0 го совлада Гилингем во една од последните средби од подготовките за новата сезона. Едниот од головите падна по врвна асистенција која не се гледа секој ден.

Од кога немавме видено дупната топка балонка

Во Германија веќе се одигра 2. коло од втората Бундеслига. На мечот меѓу Хановер и Ханза кој гостите го добија 0:3 при почетниот резултат имаше една комична сцена. По еден шут на фудбалер на тимот од Рошток топката се одби од еден од стоперите и голманот Колке за малку ќе примеше смешен гол.

Најнепознатиот еврогол на меч со Ливерпул

На 24 јули 2007-ма во рамките на ревијалниот турнир Премиер лига Азија трофеј, Ливерпул го совлада тимот на Јужна Кина со 1-3. Рисе, Чаби Алонсо и Даниел Агер дале гол за „црвените“, ама она што го направил Ли Хаиџианг од слободен удар е неправедно заборавено. Од 40 метри го шина Скот Карсон.