Фудбал

Нереална сцена од италијанско, 1999-та

Каљари и Венеција ова коло се сретнаа во Серија А за прв пат по 22 години и одиграа 1:1. Јак клип се врти на Твитер од таа нивна средба, одиграна на 26 септември 1999-та. Тицијано Де Падре vs Фабио Билика. Измислено за меме.

Во Англија одложени фудбалски натпревари поради кризата со бензин и возачи на цистерни

Во ХVIII век во Велика Британија во недела строго биле забранети јавни настани на кои се наплаќаат влезници па фудбалот стриктно се играл во сабота.  Два клуба се дрзнале да одиграат во недела па го смениле календарот. Сега нешто друго ги спречува.

Кога ќе те праша јас сум ти поважна или фудбалот

Братот се соочува со поголема проблематика од решавање задачи за атомска и нуклеарна физика.

Голманот на Ајнтрахт погоден со петарда

За време на средбата Антверпен - Ајнтрахт Франкфурт, во 46’ минута една петарда долетала на терен од трибина зад гол каде седеле белгиските навивачи. Паднала пред голманот на гостите од Германија Кевин Трап кој се сруши на земја по силниот звук.

Џиџи држи лекции во Парма и во играта „Лист, камен, ножички“

Има 43 години, брани од 95-та и уште е желен за фудбал и забава и тоа во Серија Б. Ги редеше соиграчите на Парма еден по еден и ги дробеше во легендарната детска игра, а на победите се радуваше како за гол. Роден шампион и шоумен. Вака се држи соблекувална и се билда атмосфера.

УЕФА пушти деца на трибини, а децата во Прага го исвиркуваа Камара

Чудни сцени во Чешка, на стадионот „Џенерали Арена“ во Прага илјадници деца му дадоа нова епизода на случајот „Камара-Кудела“.

Три проектили од Лига Европа и Конференциска лига кои заслужуваат внимание

Покрај атрактивниот волеј на фудбалер на Мура во Лондон, издвојуваме уште три голчишта кои се издвоија синоќа во богатата фудбалска ноќ полна со натпревари.

Спалети тргна да се поздрави со тренерот на Спартак Москва, ама не знаеше кој е

Елиф Елмас синоќа го постигна првиот гол сезонава за Наполи, а Лучано Спалети го имаше првиот пораз како нивен тренер. Ама да го прашаш од кој му е, ќе ти каже само Спартак Москва, бидејќи тренерот не им го знае. Се работи за Руи Виториа од Португалија, кој можел да го изгугла за да не се брука.

Бомбастичен волеј на играч на Мура против Тотенхем

Симпатичниот словенечки клуб Мура има прв излет во Лига на Конференции. Играа против Тотенхем на гости пред повеќе од 25.000 гледачи и изгубија 5-1. Хари Кејн даде хет-трик, ама десниот бек на гостите од Словенија, Жига Коус распали волејчиште кое ќе го памти додека е жив.

Елиф Елмас постави рекорд, гол за Наполи во 11-та секунда

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас блесна на стартот од мечот Наполи - Спартак Москва и откако искористи грешка на гостинската одбрана, даде гол уште во 11-та секунда.

Јунакот кој го закопа Реал во финишот, ја посрамоти и Македонија во 92-ра минута

Себастијан Тил е хит и прв играч од Луксембург кој дал во Лига на шампиони, а погодете против кој го дал деби голот за репрезентација? Квалификации за ЕП со Бошко Ѓуровски, последни на табела, се сеќавате?

Австриски хулигани нападнале навивачи на холандски ПСВ Ајндховен

Како што обично е редот, пред секое коло во Лига Европа или Лига на шампиони, ширум континетот мора да има некоја хулиганска трзавица. На неколку часа пред мечот Штурм Грац - ПСВ Ајндховен во Австрија, тамошните хулигани нападнале гостински навивачи во еден паб кој го демолирале.

Како Кристијано го исмевале во соблекувална кога со шарен џемпер го потпишал првиот договор

„Тоа беше проклето немилосрдна соблекувална! Да се преживее таму требаше многу живци и сила. Ама мислам дека тоа го обликуваше како играч“. Го мајтапеле за секоја ситница, најмногу за фризот и тесните фармерки.

Ван де Бек го гаѓал Солскјер со мастика

Младиот холандски фудбалер е на удар на британските медиуми, откако на видео снимка се гледа како синоќа додека тренерот Солскјер ги става во игра последните измени Фред и Лингард, Дони со мастика фрла кон Норвежанецот од горе од клупата.

Неверојатната статистика на Кристијано Роналдо во Лига на шампиони

На 5 натпревари по враќањето во саканиот Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо веќе постигна 5 гола. Во 2. коло од Лига на шампиони во последните секунди му донесе 3 злато вредни бода на англискиот тим и постави пар нови рекорди.

Школскиот волеј на Алекс Тељеш за еврогол

Цела слава на „Олд Трафорд“ синоќа ја собра Кристијано Роналдо со победнички гол за 2-1 во 90+5’ минута. Португалецот урна неколку рекорди, стана играч со најмногу настапи во ЛШ, но треба да се напомене и израмнувачкиот еврогол на левиот бек Алекс Тељеш кој распали како топ.

Двете херојски одбрани на Де Хеа во рок од 7 минути

Кристијано Роналдо со гол во 95-та минута му донесе победа на Манчестер Јунајтед, но Давид Де Хеа ги спаси од пораз или можеби само од негатива од 0:2 во првиот дел.

Го видовте ли голчиштето на Сане?

На Баерн Минхен да не му отиде човек на гости, бидејќи не знаеш од кај ќе удри. Во шеснаесетник раат немаш од Левандовски, како и од Милер, а што се случува кога ќе се обиде Лирој Сане да ја нафрли?

Бугарски судија гледаше ВАР, па досуди чуден пенал во Лига на шампиони

На мечот Волфсбург - Севиља видовме една од најчудните судиски одлуки донесени со ВАР во Лига на шампиони. Германскиот тим е оштетен за два бода.

Голот против ПСЖ, Меси го повторува во три различни декади

Прво после 2000-та, па по 2010-та и сега во 2021-ва. Дриблинг, трк, дупли пас и гол од идентична позиција. Класичен Лео Меси стил.

Дебакл на Барселона во Лисабон, Роналдо го спаси Јунајтед и урна нов рекорд

Се комплетираше и второто коло од Лига на шампиони. Дербито се одигра во Торино каде Јуве го совлада Челси со 1:0 а Роналдо го спаси Манчестер со Виљареал.

За тренинзите на Меси кој само еднаш загубил на шева и еднаш кога играле стари на млади

Стратегот на Барселона кој од оваа сезона нема повеќе привилегија да работи со веројатно најдобриот фудбалер во светот, го опишува Меси како „тиранин“. Ниту се штедел, ниту сакал да губи на тренинг, а со неговото присуство подобри биле и другите. 

Тренерот на Шериф: „Поздрав до Дирк Кајт кој рече не ни е место во ЛШ“

Јуриј Вернидуб до вчера беше тотално непознат тренер во јавноста, но откако го сруши Реал Мадрид во Лига на шампиони, даде една интересна изјава на прес конференција по мечот на „Сантијаго Бернабеу“.