Фудбал

Дете, стани и не изводи

Ако фатиме да правиме топ листа на црепови кои глумат и легачат на земја поради фаул од воздухот, чаршав ќе излезе текстот со видеа. Последниот е Џанлука Престиани од Бенфика. На само 19 години го прави ова. Жозе реагирај.

Ван Перси на маки со навивачите

Феенорд се соочува со тежок финиш на крајот од првиот дел од сезоната. Загуби дома од Херенвен во Купот со 2:3, а тоа значи рана елиминација уште во второ коло. Ова им е седми пораз на последните 9 средби. Ван Перси не можеше да ги смири навивачите.

Ристовски: Доживеав пекол во Спартак за кој никој не знаеше

Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски имал семејни проблеми, поради кои две години бил без постигнат погодок, па дури и размислувал фудбалот да го стави на пауза.

Најубави стоперски голови во историјата на Милан

Филип Мексес во кариерата играше за само три клуба: Оксер, Рома и Милан ама секаде остави голема трага. Важеше за неверојатен борец, фајтер кого навивачите го обожаваа. Забележа 29 настапи за Франција. Како стопер беше права карпа од која се одбиваа противничките центарфори ама и самиот знаеше да постигне по некој неверојатен гол. За Оксер даде 8, за Рома 15, за Милан 7 од кои 4 мора да ги погледнете пак:

Михајловиќ изведува слободни како тренер на Болоња

Симбол во кариерата на српската легенда, која фудбалскиот свет го испрати пред три години, беа слободните удари со кои сè уште е рекордер во Серија А. Ова видео ќе остане како уште еден доказ, колку Синиша беше силен и не се предаваше до крај. Да им се пушта на деца треба, како инспирација.

Дембеле ја доби наградата за најдобар фудбалер на свет и според ФИФА

Францускиот фудбалер Усман Дембеле по наградата „Златна топка“ која што ја доби од Франс Фудбал пред крајот од септември годинава, сега беше прогласен за најдобар во 2025 и во изборот на ФИФА која што му ја врачи наградата.

Најдобриот гол за 2025-та според ФИФА

Сантијаго Монтиел од Индипендиенте ја освои наградата „Пушкаш“ за гол број 1 на годината во изборот на ФИФА. Аргентинецот успеа да изведе спектакуларни ножички, ама наместен надвор од шеснаесетник, мајсторија со која освои најмногу гласови.

Избран е најубавиот гол на годината во женски фудбал

Дваесет и шест годишната Лизбет Муњоз позната и како Жаклин Овал е мексиканска фудбалерка која игра како лево крило за Орландо Прајд во женската фудбалска лига во САД и за репрезентацијата на Мексико. Таа минатото лето направи рекордно висок трансфер откако премина од Тигрес во Орландо. На свечената церемонија „Најдобри“ организирана од ФИФА, Лизбет Муњоз ја доби наградата за најубав гол во женски фудбал. Со потегот „скорпио“ уште додека играше за Тигрес постигна прекрасен гол.

Јувентус презентираше специјална маица, со Дел Пјеро како инспирација

Новата колекцијата на Адидас е украсена со потписот и личното лого на Дел Пјеро, иконата на Бјанконерите со 19 сезони, 290 гола и 705 настапи. Наследство кое го остави оди подалеку од бројките. Дел Пјеро сè уште е симбол на идентитетот на Јуве, способен да ги обедини стилот, талентот и припадноста.

Три години без Синиша

Во денови на прекрасен и возбудлив фудбал во Катар, на два дена пред финалето Франција - Аргентина, на 16 декември 2022-ра, од Италија пристигна неубава вест. Почина Михајловиќ на 53 години. Три години биеше лавовска битка со леукемијата. И даде два слободни удари, но третиот пат не успеа да ја победи.

Респектот на Станковиќ према Михајловиќ

Синиша и Дејан беа како татко и син, плус беа во кумска врска. Имаа среќа да бидат дел од легендарниот тим на Лацио под водство на Свен Горан Ериксон, каде потпишаа во 1998-ма. Покрај трофеите, делеа заедно и многу моменти и приватно и во соблекувалната. Тегнеле и цигарчиња, ама на Деки на почеток му било незгодно.

Тоа е фудбалот Златко

Ибрахим Мбаје од ПСЖ го прогласуваат за играч на натпреварот. Детево добива задача му ја додели наградата и ја користи можноста, срамежливо да му го побара дресот. Мбаје на 17 години го има манирот, а малиот ќе експлодира од радост.

18 годишнина од првиот европски тим кој го освоил Светското клупско првенство

Датумот е 16 декември 2007, а победникот носталгија за секој навивач на славниот и моќен Милан под водство на Анчелоти. Со двата гола на Инѕаги и по еден на Кака и Неста, росонерите ја добија Бока Јуниорс со 4:2 и станаа првиот европски победник на Светското клупско првенство, кое стартуваше под ова име во 2000-та, како продолжение на поранешниот Интерконтинентален Куп.

Селекторот на Шкотска до навивачите: „Седете раат, немој да се задолжувате за да одите на Светско“

Шеесет и две годишниот селектор на Шкотска, Стив Кларк побарал од навивачите да не заглавуваат во долгови со цел да обезбедат авионски карти, влезници за натпреварите на Светско првенство и сместување во САД за групната фаза.

Жиру најубавиот подарок го добил во Доњецк

Легендарниот француски центарфор Оливие Жиру (39) кој блескаше во дресовите на Монпеље, Арсенал, Челси и Милан, сега е во Лил. На 255 настапи во Премиер лига, Жиру стана врвен голгетер и постигна 90 гола со 28 асистенции. На гости во емисија кај Џејми Карагер раскажа како жена му го изненадила со плико во кое била понуда од Арсенал и Арсен Венгер.

Каков цар, со чистачите на стадионот го прослави трофејот

Капитенот на Фламенго, Диего Рибас, ги собра чистачите на стадионот Маракана, да го овековечат освојувањето на Купот на Бразил со фотографија, која сигурно ќе се памети. Јак момент. Не паметиме дека му текнало на друг.

Слободниот на Бруно Фернандеш од шест различни агли

Манчестер Јунајтед и Борнмут го одиграа најјакиот дуел досега сезонава во Премиер лига. Средбата на „Олд Трафорд“ имаше дури три пресврти, осум гола и краен резултат 4:4. Гостите дадоа прекрасен гол од слободен, а уште поубав даде и Бруно Фернандеш. Мајсторија.

Ролеркостер натпревар меѓу Манчестер и Борнмут со 8 гола, два од слободен

Манчестер Јунајтед и Борнмут понеделнички го заокружија 16. коло од Премиер лигата, спектакуларно со натпревар, кој не ти дозволува да смениш канал. Заврши 4:4 со три пресврти: 2:1, 2:3, 4:3. На слободниот удар на Маркус Таверние, Бруно Фернандеш одговори со уште поатрактивен слободен. Манчестер е шести со 26 бода, колку што има и Кристал Палас. Борнмут е на 13-та позиција.

Камерман на колото

Пренос од италијански нисколигашки меч. Кадарот одличен, голот уште повеќе. Добар гол, нели?

Панчев и Биниќ за Ѕвезда и фудбалот, некогаш и сега

Европскиот и светски првак Црвена Ѕвезда 1991 е неисцрпна инспирација и неизбежна тема на муабет и 34 години подоцна. Во српска емисија гостуваше напаѓачкото дуо Дарко Панчев - Драгиша Билиќ, кои зборуваа за сегашната и тогашната Ѕвезда, но и за големите разлики во фудбалот, од финансии, правила, статистики, па сè функционирањето на екипите.

Најжестокото англиско дерби го доби Сандерленд со луд автогол

Во Премиер лига има неколку големи дерби средби. Најпознато секако е Ливерпул - Манчестер Јунајтед чиј ривалитет и омраза датираат уште од пред некој век кога работничките класи од двата града имале меѓусебен анимозитет. Но по степен на жестина, Њукасл и Сандерленд го имаат дербито бр1. Посебно што ретко се среќаваат едни со други зошто обично едните се во прва а другите во втора лига или обратно.

Погрешна топка другар

Реал Мадрид го доби Алавес на гости со 1:2. Напаѓачот на домаќините, Лукас Боје го имаше она напријатно искуство со Раул Асенсио, кое секој се обидува да го избегне, посебно кога ќе застане да држи жив ѕид.

Серија А е ова или кечери?

Јувентус го доби тешкото гостување против Болоња, триумф со кој ги поминаа на табела и сега се петти. Го имаме дуелот на годината меѓу Џон Лукуми и Франсиско Консеисао. Бурлески.