Чаби Алонсо има освоено два трофеи во Лига на шампиони, првиот како играч на Ливерпул против Анчелоти (2005), вториот како играч на Реал со Анчелоти (2014). Еднаш му ја начна таа тема кога му беше тренер во Баерн и се разбира нема љутиш, Карло е господин човек.
Со 38 години и 266 дена, Модриќ вечерва на Вембли ќе стане четврти најстар играч во финале од ЛШ. Пред него се само Ван дер Сар, Буфон и Малдини, a Хрватот ќе го мине Лотар Матеус. Најстар освојувач на трофеј во ЛШ е Малдини со 38 години и 331 ден, што значи ако Лука вечерва слави ќе втор. Финалињата му се 5 од 5.
26 мај 1999, стадион Камп Ноу, гледачи 90.000, судија Пјерлуиџи Колина. 6 минута Марио Баслер 0:1, 91 минута Теди Шерингам 1:1, 93 минута Оле Гунар Солскјер 2:1. Ниту имало ниту ќе има друг ваков пресврт во Лига на шампиони. Шок за срцев удар.
Убавината на фудбалот ниту од далеку не се состои само во моќниците кои со фаворитска улога ја освојуваат титулата, каков што беше годинава случајот со Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Интер. Има многу шмек кај помалите екипи, а оваа сезона тој шмек кај нив беше нешто посебно.
Германскиот гигант Борусија Дортмунд која во сабота вечер против Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лига на шампиони, потпишал договор за спонзорство со германската фабрика за производство на оружје Rheinmetall.
Хозе Луис Мендилибар е релативно непознато тренерско име и не е грев ако не го знаете кога ќе ја прочитате листата на екипи кои ги водел. Но, затоа сега сите ќе го запомнат. Последниве две сезони му се чудо над чудата. Внимавајте добро.
Баерн Минхен за првпат во својата славна клупска историја не можеше да најде асален тренер, односно немало едногласни одлуки во управата за дури 9-10 одлични стратези од кои пак некои во моментов процениле дека им е подобро таму каде што се.
Црвена Ѕвезда ја одбележа 33 годишнината од европската титула на уникатен начин. Дојде на гости во Скопје и го разубави фан шопот со производи на кои стои името Дарко Панчев.
Жил Кунде се смета за еден од подобрите одбранбени фудбалери во Европа. Има 25 години игра за Барселона која за него на Севиља и плати 50 милиони евра. Кунде игра како стопер и како десен бек. И сè е добро до моментот кога ќе видите како се облекол за собирот на француската репрезентација пред Европско првенство во базата Клерфонтен.
Бразилскиот лев бек кој е еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња и кој стана клупска легенда на Реал Мадрид, веќе неколку месеци игра за својот матичен клуб Флуминенсе. И игра добро на 37 години. Синоќа на меч од 6. коло од групна фаза во Копа Либертадорес постигнал гол во триумфот од 3-2 над перуанска Алијанса Лима.
Во 3. коло од групна фаза на Светско младинско првенство У-20, Норвешка со 12-0 го совлада Хондурас. Натпреварот се играше на денешен ден пред точно 5 години. Ерлинг Халанд тогаш имаше неполни 18 години а постигна верувале или не на тој меч дури 9 гола. Три хет-трика. После тоа за него се заинтересираа големите европски клубови.
11 гола, 12 асистенции, 13 меча за Лео Меси сезонава, кој не успеа да го извади од пораз Интер Мајами во 17. коло од МЛС лигата. Загубија 1:3 од Атланта. Издвојуваме два гола од мечот.
Бока Јуниорс го декласираше Национал Потоси од Боливија со 4:0 во Копа Судамерикана. Кавани беше еден од стрелците, ама го направи веројатно и промашувањето на кариерата, нејсвоствено за него.
Олимпијакос ја совлада Фиорентина во финалето на Лига Конференции со гол во второто судиско продолжение, на само неколку секунди пред крајот и пред пенал рулетот. Стрелец е Ајуб Ел Каби кој сезонава постигна 11 гола во Лига Конференции и стана најдобар голгетер. Во Атина вриеше.
Дваесет и шест годишниот Французин Маркус Турам, син на легендарниот бек на Парма и Јувентус Лилијан Турам, сезонава беше меѓу најзаслужните за шампионската титула на Интер и одличните настапи во Лига на шампиони. Маркус постигна 15 гола, имаше и 14 асистенции и со Лаутаро Мартинез го сочинуваа можеби најдобриот тандем во Европа.
Црвена звезда и натаму останува единствен клуб од регионов кој стигнал до драгоцениот пехар во Куп на европски шампиони (денешна Лига на шампиони). Пред точно 33 години, на стадионот „Свети Никола“ во Бари, Црвена звезда на пенали го совлада француски Олимпик Марсеј а решавачкиот гол го даде Дарко Панчев.
За успешно и тешко забележливо штелување на резултат, обично велат дека е доволно да знаат двајца дефанзивци или пак еден и плус голманот. Ама нема, ова е Балкан.
Топ тема во Саудиска Арабија се Роналдо со Ал Наср и Ал Хилал со Митровиќ и Милинковиќ. А никој не зборува за Нуредин Зекри од Ал-Охдуд кој го спаси клубот од испаѓање во последно коло. Погледнете му го спринтот. Срцка.
Аален како германски четвртолигаши освоиле државен Куп кој им носи квалификации во Купот на Германија, ама на навивачите не им чуе многу за овој успех, бидејќи се револтирани што испаднале во петта лига. На три меча по ред не навивале, а бојкотот го прекинале во финалето на кое им се појавиле со банер на кој пишува: „Ви благодариме губитници“.
Шпанска Ла Лига и официјално го избра за најубав погодок на сезоната оној на 24-годишниот десен бек на Осасуна Хесус Арезо кој на мечот против Хетафе постигна луд победнички гол за 3-2.