Фудбал

Пандев, Милито, Матераци и Киву, специјални гости на мечот Интер - Црвена Ѕвезда

И 14 години после тројната круна, Горан Пандев е со набиена агенда во Интер. После патувањето на Етихад, беше гостин и на вториот меч од ЛШ на Интер, во таканаречениот „exclusive Pitchside Club“ на Сан Сиро, заедно со уште тројца славни ликови од тоа време. Интервјуа, дружење со деца и на крај место на ложа за нашата најголема фудбалска легенда.

Сјајниот потег на Њукасл кој го воодушеви фудбалскиот свет

На 24-ти септември во рамки од 3. рунда на Лига Купот на Англија, Њукасл требаше да гостува кај четвртолигашот Вимблдон. Но пред натпреварот, обилни, поројни дождови го поплавиле градот и стадионот на Вимблдон „Чери Ред Рекорд“ чиј терен бил потполно и стравично уништен.

Уште се смееме со видеово

Ова е од сезоната 2022/2023 пред Интер и Милан да се сретнат во полуфиналето од ЛШ. Го имаме објавено, ама мораме пак, во скратена верзија. Мика Ричардс, Анри и водителката му пукаат сеир на Џејми Карагер за англискиот акцент, поради кој Леао не може никако да го разбере. Мика е најјак, до солзи се смееше.

Први откритија во Лига на шампиони: Кои се Финецот Каиринен и Сенегалецот Сима?

Финскиот фудбалер од среден ред на Спарта Прага Каан Каиринен и сенегалскиот крилен напаѓач на француски Брест, Абдала Сима постигнаа голови во две кола по ред во Лига на шампиони. Сенегалецот веќе има 3 гола и е втор стрелец во елитното друштво зад Хари Кејн.

Бобан е спремен и кога добива двосмислени прашања

Легендарната 10-ка од едни златни и поинакви фудбалски времиња, како еден од гостите во студио заедно со Капело и Камбјасо, доби прашање кое место „Ти се допаѓаат ли германските клубови“?, водителката му го постави поинаку: Ти се допаѓаат ли Германките? Ако се убави, ми се допаѓаат одговори Ѕвонимир.

Спарта Прага и Интер ги имаат мајсториите на вечерта во ЛШ

Хакан Чалханоглу не е единствен со голчиште во 2. коло од ЛШ. Неодбранлива бомба од слободен удар испука и Каан Кајринен од Спарта Прага, кој на гостувањето на Штутгарт ги постави конечните 1:1.

Каков еврогол даде брат му на Белингем

Сандерленд има одличен старт на сезоната во англиски Чемпионшип и е прв со 18 бодови. Имаат 6 победи и 2 порази на 8 средби. Синоќа со 2-0 го победија Дерби Каунти, а додека Џуд Белингем со Реал се спрема за гостување во Лил во Лига на шампиони, брат му Џоб постигна прекрасен погодок.

Контра на Спортинг со завршница за комедија филм

Спортинг извади 1:1 на гостувањето против ПСВ со гол во 84-та минута. Но можеше да го стори тоа во 71-ва минута. Едуардо Кварезма прими одлична топка, излезе пред голман и на крај се ушепртља сам со себе.

Седмица на Борусија, петарда на Барса, убедливи Интер и Сити

Арсенал и Баер Леверкузен славеа против ПСЖ и Милан во двата меча кои го заслужуваат епитетот дерби. Црвена Ѕвезда убедливо поразена на Сан Сиро. Доста ефикасна вечер во првата ноќ од 2. коло во ЛШ. Паднаа вкупно 32 гола.

Врвен слободен удар на Чалханоглу

На сите вечерашни средби од ЛШ, со исклучок на Бај арената, паднаа голови во првите 45 минути. Интер поведе против Црвена Ѕвезда со прекрасниот еврогол на Хакан Чалханоглу во 11 минута. Домаќините постигнаа уште два, но им беа поништени поради офсајд.

Панчев: Неспособни и несоодветни луѓе ме саботираа во Интер, а Ѕвезда ми е животна школа

„Не сум му лут на клубот, туку на оние кои беа на чело во тоа време: неспособни и несоодветни. Морати мораше да биде трпелив 15 години пред навистина да ја промени организацијата, лошата атмосфера и губитничкиот дух, за да освојува трофеи со маестро Манчини“.

Црвена Звезда со шаренолик состав во Лига на шампиони: 16 од 31 играч се странци

Во најава на вечерашниот меч од Лига на шампиони меѓу Интер и Црвена звезда, реномираната Газета дело Спорт потсеќа на некогашниот европски и светски шампион кој беше составен исклучиво од домашни фудбалери од поранешните југословенски простори.

Додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува

Во Купот на Полска, второлигашот Хутник Краков и прволигашот Пјаст Гливице одиграле 2-2. Мечот стигнал до пенали а таму играчот на домашните Хојо-Ковалски немал среќа онолку колку што имал голманот на гостите Шимански.

Јошко од Припор

И вие го мислите истото за колата на Јошко Гвардиол, така?

Во 12-та минута 3:0, крај 3:4

Во 5. коло од германската Бундеслига Хофенхајм и Вердер Бремен одиграа луд натпревар. Домашните за само 12 минути со двата гола на Мариуш Бултер и еден на Адам Хлозек имале неверојатно водство 3:0. Во 18-та минута целиот труд им го фрлил во вода соиграчот Тсоки кој добил директен црвен картон. Со играч повеќе Вердер Бремен решил да тргне по подвиг и му успеало со голот на Јулиан Малатини и сјајниот Јенс Стаге кој постигнал хет-трик во 26-та, 39-та и 49-та минута.

Ако некој уште се чуди што Бонифејс редовно решета за Баер

Само што го донесоа од Белгија, возврати со вкупно 21 сезонски погодок, а сезонава веќе има 4 после првите 6 средби. Допрва ќе дава, генерација 2000-та е. Погледнете ја оваа махерска 100% реализација на тренинг. Виктор е опасен.

Мајсторски гол на Роналдо, овој пат со посвета за татко му

Со головите на Мане и Роналдо, Ал Наср славеше 2:1 против Ал Рајан во второто коло од азиската Лига на шампиони. Кристијано Роналдо ја закачи мајсторски на прва и голот му го посвети на својот татко кој на истиот ден требаше да наполни 71 година.

Меси спасувал дете од обезбедувањето

На мечот Интер Мајами - Шарлот на кој Лео Меси со убав гол во негов стил му донесе бод на домашниот состав, во еден момент некое дете-натрапник влегло на терен да се слика со Аргентинецот. Ама обезбедувањето на Лионел е брз како стрела, башка се пуштаат и други редари. „Трчај!“ му рекол Меси со цел да го спаси од канџите на редарите.

Има шутеви што ни двајца голмани не ги бранат

Атлетико Насиона го згромил Бојака Чико во колумбиската прва лига Примера А со 6-2. Првите два гола во 1-ва и 5-та минута ги дал левиот бек Алваро Ангуло. Погледнете го овој шут од преку 35 метри!

Бонучи, Барѕаљи и Кјелини го чуваат Буфон и на свадба

По 10 години врска, легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон и познатата водителка Иларија Д’Амико се венчале. На свадбата очекувано, грб на Џиџо му чувало триото кое стоеше пред него како бедем во дресот на Јувентус и репрезентацијата на Италија.

Луд, баш луд гол во Холандија

Во холандската втора лига, Де Графшап го совладал Витезе 3-1 иако гостите во еден момент, во 63-та минута имале 1-1 по фантастичниот погодок на Иракли Јегојан. Кандидат е за наградата „Ференц Пушкаш“ на УЕФА за најубав гол на сезоната.

Скриена камера да не е ова?

Јенисеј - Улар, руска втора лига. Сега се случува ваква акција, па за едно 100 години пак.

Ова да се испита

Сао Пауло со 3-1 го совлада ривалот Коринтијанс во 28. коло од бразилскаа Серија А. Последниот гол во судиско продолжение во 90+8’ минута падна под многу, многу чудни околности. Зошто вака се однесувале гостите лежерно некој треба да објасни.

Никому сфатлив потег на Ѓердан Шаќири

Шаќири (32) кој игра за Швајцарија, направи врвна кариера. Играше за Ливерпул со кого освои Лига на шампиони, беше во Баерн Минхен, Интер, Лион, Чикаго, Базел. Одигра насекаде, па се врати сега во родниот клуб Базел во Швајцарија. На последниот меч направил чуден потег ни самиот не знаел зошто.