Фудбал

Не бе овој Рудигер е циркузи

Откачено типче е Рудигер. Познат стана оној негов чуден начин на играње фластер кога му досаѓа на противникот со глава. Сега му одржа лекција на Ендрик, како треба да лежи за да не направи пенал. Малиов малку инает му тераше на почеток. 

Добра фора за индиректен удар во 16

Во 2. коло од Лига Конференции, дебитантот во еврокупови Серкл Бриж од Белгија со 6-2 го растури швајцарски Сент Гален. Еден од головите беше интересен, падна после индиректен удар во шеснаесетник.

Тадиќ ја доби асистенцијата број 1 на вечерта

Фенербахче одигра 1:1 на гостувањето против Твенте откако Тадиќ фино го измами голманот на домаќините. Но аплаузите за израмнувањето ги заслужува најмногу Мароканецот Софиан Амрабат, кој му испорача топка во стилот на Андрес Иниеста. Асистенцииште за медал, преку цел тим.

Овие па Мегваер ги вади да не изгубат

Манчестер Јунајтед повторно и повторно има лош сезонски старт. Во Премиер лига имаат освоено 7 од можни 18 бода, а во Лига Европа одиграа 1:1 против Твенте дома и синоќа 3:3 на гости против Порто. И тоа до 20-та минута имаа водство од 0:2, а Хари Мегваер ги извади во 91-ва минута за да стигнат повторно до бод.

Лаказет ја искина мрежата на Ренџерс

Капитенот на Лион и француски репрезентативец Александар Лаказет синоќа влезе на листата најдобри Топ10 играчи во историјата на Лига Европа. Има 27 гола и 24 асистенции на 50 натпревари. Синоќа Олимпик Лион со 1-4 го прегази Ренџерс на гости а Лаказет и младиот Малик Фофана дадоа по два гола. Едниот на центарфорот беше мајсторија.

Кралот на зицерите - Тимо Вернер

Тотенхем некако го преброди гостувањето во Будимпешта кај Ференцварош во Лига Европа и славеше 1-2 со головите на Папе Матар Сар и Бренан Џонсон во 86-та минута. Тимо Вернер германскиот центарфор по којзнае кој пат промаши зицер како што само тој умее и никој друг.

Живи комедии со Марсело пред гол

Мечот меѓу Флуминезе и Крузеиро донесе акција со необична завршница по која Марсело имаше многу среќа што за влакно не си постигна гол. Да се збуни човек што ја гледа топкава, а не па да е во игра.

Дарко Чурлинов е јунак, го сруши Копенхаген среде Данска со гол во 98-минута

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов не можеше да посака поубав кам бек на терените. Со гол во последните мигови му донесе 3 бода на актуелниот шампипон на Полска.

Пак заспал овој

И тоа во Сенатот на сред седница. Нема, изгледа му паѓа притисокот. Од многу лук веројатно. Типично за Клаудио Лотито.

Лацио извади опасно ретро со Пандев во ЛШ

3 октомври 2007. Како вчера да беше кога ја гледавме на МТВ. Горан Пандев со два комада против Реал Мадрид, за делириум на Олимпико.

Панчев и Кеба удрија на песна за Црвена Ѕвезда

Битката меѓу Интер - Црвена Ѕвезда беше повод за италијанските и српските медиуми да го побараат за интервју Златната копачка, кој инаку ги носеше и двата дреса. Во сред емисија Дарко го изненади популарниот Кеба со негова песна.

Најјакото фудбалско име и презиме во регионов

Има 23 години, роден е во Травник, игра за нисколигаши во трета и четврта лига на Босна и Херцеговина. Настапувал за НК Јајце, за НК Подгрмец и сега е во Бајер 99. Ние му посакуваме што поскоро да дојде на позната фудбалска мапа.

Џејми Карагер го уништи Мика Ричардс со клип од неговите игри во Астон Вила

Имаме ново јако видео од студиото на „Си-Би-Ес“, а овој пат мета на потсмев е Мика Ричардс.

Мајсторијата на Салах кој го распали „Енфилд Роуд“

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња Мохамед Салах постигна прекрасен гол во триумфот на Ливерпул над Болоња 2:0. Мо стрелаше прецизно во 75-та минута и стана рекордер како најдобар стрелец за англиски клуб во Лига на шампиони со 45 гола. Тој го држи и рекордот за најбрз хет-трик на играч кој влегол од клупа за резерви во Лига на шампиони кога против Ренџерс во 2022-ра за шест минути и 12 секунди даде три комада.

Јуначка одбрана на Мартинез во 96-та минута против Кејн

Астон Вила приреди сензација на дуелот со Баерн Минхен. Го доби 1:0 и тоа со идентичен резултат како на нивното претходно соочување во ЛШ, кое датира од 1982-та кога се судриле во финале. Во 96-та минута беше драма пред голот на Англичаните во која победник излезе фантастичниот Емилиано Мартинез.

Брат му на Мбапе ја водеше прославата на победа против Реал Мадрид

Голема, историска победа забележа француски Лил против големиот европски шампион Реал Мадрид. Брат му на Мбапе, Етан Мбапе е повреден па го пропушти овој дуел. А Килијан влезе во игра од клупата за резерви во вториот дел но не помогна Реал да избегне пораз.

Голем кикс на Нојер, Баерн поразен во Бирмингем, Јуве јуначки до победа

Луда вечер во Лига на шампиони каква што одамна не се памети: Баерн Минхен и Реал Мадрид положија оружје на гости каде беа фаворити. Бојан Миовски промаши пенал на своето деби во Лига на шампиони, а Јувентус направи голем подвиг и со играч помалку славеше 2:3 кај Ред Бул Лајпциг.

Гол шоуто на Душан кој блесна со две мајстории

Јувентус одигра маестрален меч на тешкото гостување против Лајпциг, кој го доби со пресврт 2:3 и тоа со играч помалку во последните половина час. На двата гола на Шешко, Влаховиќ одговори со две убавини од гол, а победата на донесе Консеисао во 82-та минута.

Пропуштената шанса на Миовски од 11 метри

Жирона и Феенорд (2:3) одиграа чуден натпревар со два автогола на домаќините и по еден промашен пенал на двете страни. Бојан Миовски дебитираше во ЛШ како стартер и играше 75 минути, но 8 минути претходно промаши пенал со кој имаше прилика да го израмни резултатот. Првиот автогол Жирона си го постигна преку Ерера во 23-та минута, а вториот си го даде Крејцл во 79-тата минута за конечни 2:3.

Нов прекрасен гол на Меси и дриблинг како со мали деца

Интер Мајами славеше 2:3 против Колумбус Кру во 32. коло од МЛС лигата. Меси беше двоен стрелец, едниот мајсторски од слободен удар, а гол постигна и Суарез. Двајца се обидоа да му ја земат на Аргентинецот, ама се посрамотија.

Како Чави најавил оставка во соблекувална на Барселона?

Четириесет и четири годишниот некогашен фудбалски генијалец кој во ноември 2021-ва стана тренер на Барселона а веќе во првата сезона ја освои титулата во шпанска Ла Лига и тоа на убедлив начин. Подоцна работите почнаа да му лизгаат од контрола па самиот, каков што секогаш бил, искрено си признал дека е време да замине затоа што не им оди како треба.

Пеп Гвардиола: „Колегата да не пиел вино“?

Манчестер Сити имаше рутинска екскурзија до Словачка. Славеа 0-4 против Слован Братислава во Лига на шампиони. Стрелци беа Гундоган, Фил Фоден, Халанд и Џејмс МекАти. Тренерот на домашните, легендарниот словачки тренер Владимир Вајс пред мечот го споредил Пеп Гвардиола со Гауди односно рекол дека ја има генијалноста на познатиот шпански архитект и сликар.

Пандев, Милито, Матераци и Киву, специјални гости на мечот Интер - Црвена Ѕвезда

И 14 години после тројната круна, Горан Пандев е со набиена агенда во Интер. После патувањето на Етихад, беше гостин и на вториот меч од ЛШ на Интер, во таканаречениот „exclusive Pitchside Club“ на Сан Сиро, заедно со уште тројца славни ликови од тоа време. Интервјуа, дружење со деца и на крај место на ложа за нашата најголема фудбалска легенда.

Сјајниот потег на Њукасл кој го воодушеви фудбалскиот свет

На 24-ти септември во рамки од 3. рунда на Лига Купот на Англија, Њукасл требаше да гостува кај четвртолигашот Вимблдон. Но пред натпреварот, обилни, поројни дождови го поплавиле градот и стадионот на Вимблдон „Чери Ред Рекорд“ чиј терен бил потполно и стравично уништен.