Булшит детектор

Партиски преписки

Да видите само за што сè си пуштаат соопштенија на дневна база вмрото и есдеесот.

Вистина е!

Споделете ја фотографијата и Бог ќе ви дарува здравје, среќа, љубов, благосостојба...

Бакрачески како Ким Кардашијан

Колку евра вреди 'ексклузивна' фотографија од телото на охридскиот градоначалник? По есапот на оние кои се грижат за неговиот ПР, околу 50 евра комад. Кој тоа сака да заработи од разголеното торзо на Бакрачески?

Дали Бетмен плати карта и зошто не направи селфи?

Не треба да имаш "око соколово" да го забележиш Илија Димовски на концерт, треба да имаш "око соросовско" да го видиш таму и Бетмен и од тоа да направиш ишју.

Текила герила

Герилски акции знаат да бидат моќна алатка додека не станат  -  глупи.

Идиотите секогаш стигнуваат први

На десетици километри меѓу Велес и Скопје функционира само една лента. Ќе си ѕенѕате полека и надлежните апаши на крај пак ќе ви наплатат патарина како да сте користеле автопат (не можеа да го паузираат тоа додека нема автопат?). За да се чувствувате најмизерно, ќе се погрижат најпаметните меѓу нас.

Сте ја слушнале ли химната на СОНК?

Помалоумно нешто одамна не сте чуле.

Јавно здравје без импакт фактор

Паралелно со владиниот наплив на рационализам, упорно бранетата потреба од објективни вреднувања, научни верификации и слични просветителски идеи, во процедура оди еден закон кој а) се однесува за здравјето на луѓето и б) во кој нема да најдете ни ш од импакт фактор. Зошто ш? Затоа што ш е за шашми.

Мис Фуј и Мистер Бљак

Таа Лидија Велковска, колку што ние површно следиме тоа изборите на Мис, секоја година е поврзана со некои скандали. Од страна сето тоа изгледа килаво, траљаво, фушерски. И онда, пристоен човек ќе го батали сето тоа бидејќи е тотално Фуј, кога оно, ќа наиде на тотален Бљак!

Тино Кајшаров го истерува ѓаволот

Што и да пишеме за ова, колку и да се наругаме на оваа језа (ама стварно језа), знаеме дека откако ќе го изгледаат видеото, некои ќе помислат: "Кој би можел да ми даде контакт од дечково?" Ете, толку сме снеможени. Затоа, ведро да ви кажеме што нам најмногу ни пречи во овој егзорцистички хорор: тоа што видеото прекинува на најинтересното, кога таа легнатата треба да го исплука Лукавиот. Па не дознавме дали е тој повеќе на жолто или повеќе на зелено. Фак! 

Зошто во Тетово се пие повеќе Летизен и Вентолин од салеп

Заради "балансирање со социо-економскиот момент" на Југохром му се дадени уште две години фора еколошки да се упристои. Да преведеме на нашки: Овде можеш и нуклеарен отпад да фрлаш ако притоа вработуваш доволно луѓе. А сега да фрлиме еден поглед натаму, од Доброшки врв на Шара.

Република Македонија - Казнена

Ѕирнете една мала збирка на примери за што сè можете да бидете казнети во Македонија. Веднаш ќе ви стане јасен сатиричната вест на Коза Ностра дека ќе бидете казнети со 500 евра доколку три месеци по ред не сте добиле никаква казна.

Водно, извини

Во недела Водно е единственото парче пристоен воздух во Скопје. И тоа го знаат премногу луѓе. И сите имаат кола! Побогу! Да имаше нозе, Водно ќе ни избегаше во Мариово.

Како сум систематски уништен од идиоти

Решивме да го ставиме овој пристоен филмски наслов дури откако ги испукавме сите пцовки на адреса на македонскиот образовен систем и сите надлежни кои биле вклучени во овој учебник за "Граѓанско образование" за осмо одделение (наводници никогаш не биле попотрeбни). Одиме со еден жолт детал на страна 14, да видите со каква ментална храна се трујат младите додека Владата спрема 450.000 евра за кампања за здрава исхрана.

Богати, славни и МВР

Пичат дебели казни (за еден ден казниле 73 пешаци во Скопје, браос!), пичат уште подебели кампањи (најбоља е онаа да плаќаме патарина пошто еве досега не плаќавме него со кола ја рипавме рампата), министерката кара рандом луѓе пред камери (што има бре Гордана да кара некого, она е министерка, не е службено лице кое регулира сообраќај). Решило меверето да го зачисти хаосот (дур не им пројде меракот на главните) па тоа ти е. Едно питањце до нив: