Некои малоумници со слободен пристап кон носење нови а глупи регулативи, во последно време се занимаваат со идејата да воведат задолжителна употреба на кацига (шлем) за велосипедистите. Се разбира, само на бетонирани глави не им е јасно дека главниот ефект на еден ваков пропис ќе биде намалување на бројот на велосипедистите, една од ретките позитивни промени во овдешното урбано живеење.
Освен после завршена четврта средно (матура), нашиот намачен и сиромав народ слави и после осмо (полуматура) а од пред некое време и после завршено четврто одделение! Тоа се викало миниматура. И ај што миниматура е макси-глупа работа. Друго е сега муабетот. Овие најмаливе за "миниматура" добиваат алманах. Може сме ние нешто збудалени, ама, се пишува ли ова за четвртоодделенци?
Не сме сигурни за што се работи ама веруваме дека пишува казна за најсериозниот сообраќaен прекршок кој во тој момент се одвивал во Кисела Вода. Му честитаме на храброста да фати голема ѕверка во скопскиот криминал. Бонус: Видете каде е тој паркиран.
Сте попиле сообраќајна казна за некоја ситница од типот пар пребрзи километри, немање зимска опрема, незапалени светла дење или слично? Немојте ни да сте помислиле да кукате!
Дно не е кога ќе те задеси природна несреќа од типот на синоќешниот невиден порој, дно е кога ти требаат само 20 минути да се досетиш дека најкорисна работа којa можеш да ја направиш во таква ситуација е - да креираш хаштаг или меме "Pray for Skopje".
Еве зошто толку многу луѓе, и покрај не баш сјајните плати, сакаат да работат државно. Додека надвор во ходник, на нога чекаат исцрпени луѓе меѓу кои има и инвалиди, внатре во скопскиот Фонд за здравство си се листаат фотoграфии од фамилија.
Усул е збор кој со векови талка по овие простори и се уште нема чукнато на сите врати. Ќе видите едно видео од скопската населба а потоа и причината за тоа. Решил Господинот Граѓанин на прагови од пруга да се грее. А да има правда, на нив би бил врзан.
Масовен убиец на кој не би сакале да му дишете во врат. А морате пошто очигледно има лајсенс ту кил. Ќе објасни ли некој која тоа полиција, кои тоа служби за регистрација и ебени технички прегледи му дозволила на овој да шпарта по улиците на Скопје?
Се работи за некакво чудесно средство од кое расте коса кое наголемо циркулира по балканскиот интернет. Се разбира дека косата и паѓа и расте на сите делови од планетава. Но, не значи дека и интернет коментарите мора да бидат идентични, дадени од истите ликови, само со други имиња. Да ви покажеме: