Навивачи

„Ако ви се гледа дојдете и гледајте фудбал на Светско, не да мавтате со ЛГБТ знамиња“

Мајор Генерал Абдулазиз Абдула Ал Ансари, човек задолжен за безбедноста и сигурноста за време на Светското првенство во Катар претстојнава зима од ноември до декември, вели дека тој е против промоција на ЛГБТ и какви било политички активности.

Тргнете се да поминат навивачите на Ајнтрахт

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт не знаат да одат на гостување со 2, 5 или 10.000 навивачи. Царевите одат со неверојатна цифра од над 30.000, која ја достигнуваат не на меч во Германија, туку во друга земја. Кортеото кое направија на улиците во Барселона е да може да поминат они и никој друг. Па Св.Николе според последниот попис има околу 15.000 жители.

Норвешки јадови за Мурињо

Жозе Мурињо цел живот ќе го памети норвешкиот клуб Бодо/Глимт, симпатична екипа од северна Норвешка од која на 3 средби доживеа 2 порази. Првиот беше историска бламажа за Рома, дебакл од 6-1, а изгубија повторно минатата недела во четвртфинале на Лига Конференции 2-1 на гости. Вечерва играат реванш.

Навивач на денот

Македонските навивачи многу пријатно ги изненадија и ракометарите и сите оние кои од Македонија го следеа мечот со Чешка. Во Злин ечеше македонска песна и се виореа македонски знамиња. Нашите навивачи беа речиси побројни од домашните а голем удел во тоа има македонската дијаспора од Европа.

A го видовте ли што работеше навивачов на Келн во ЛШ?

Го имаме падобранецот на сезоната во Лига на шампиони. На Алијанц арената нема живо пиле, останати беа само техничарите кои си ја собираа опремата и туку наеднаш на терен се симнува, пази навивач на Келн на мечот Баерн - Виљареал. 22 пива има мавнато.

Навивачите на Атлетико одржаа лекција на крај

Погледнете ги овие сцени на Ванда Метрополитано. Суарез, Гризман, Кореа, Облак и останатите разочарани и потиштени по елиминацијата, а нивните поддржувачи во елемент, мислиш слават пласман во полуфинале. Ова е награда за нивната борбеност и стимул за да продолжат борбено и понатаму. Прекрасен навивачи гест.

Двајца активисти се врзаа за стативи и прекинаа дерби во Германија

Дуелот меѓу ривалите Ајнтрахт Франкфурт и Фрајбург (1:2) беше прекинат на самиот старт откако двајца активисти за зелена околина, по примерот на нивни колеги од Премиер лига, се врзаа за стативите па едвај ги вадеа.

Нова тура навивачки провокации за војната

И по месец ипол војување во Украина, навивачките групи не застануваат со осуда на сегашни и минати несогласувања меѓу соседи, решавани на крвав начин.

Одличен гостински перформанс на навивачите на ПСВ

Само 1 минута од гостувањето против Лестер е доволно да сфатите како навивачка група може да се претвори во силен машки хор. Држат ритам, синхронизирани се и желни за песна.

Како најлесно да го почастиш пиво другарчето на горната трибина?

Немам намера да чекам до полувреме за да се најдеме, плус и кај ќе се најдеме по гужвите. Пушти рака да ти пратам некоја голтка да не ти пресуши грло. Па после врати го да ти наточам пак.

Македонски навивач со македонско знаме, главен на Инстаграмот на Барселона

Беше во Букурешт, Палермо, Порто, во Парма кај Пандев, а сега се појави на трибините и во Франкфурт. Сегде го има.

Гоцка од Паланка си лапна дрес од Менди од Реал Мадрид

Македонската пења мадридиста, фан клуб од земјава беше најгласен на „Стемфорд Бриџ“ меѓу повеќе од 3-4.000 навивачи на Реал кој го потопи Челси 1-3 во првиот меч од четвртфиналето на ЛШ. Извесен Гоце од Крива Паланка доби дрес од сјајниот бек Ферлан Менди кој после Бензема беше најдобар поединец на мечот.

Жестоки судири меѓу француски и грчки хулигани

Вечерва на програмата се многу интересни натпревари од Лига Европа и Лига Конференции. Во Марсеј Олимпик го пречекува солунски ПАОК чии навивачи допатувале ден-два пред натпреварот, а синоќа на градските улици во овој пристаништен град имало големи нереди.

Македонско знаме развиорено на Стемфорд Бриџ на дербито Челси - Реал Мадрид

Македонската „Пења мадридиста“, фан клуб навивачи на Реал Мадрид од земјава, сезонава е најактивна во Лигата на шампионите. Го бодреа кралскиот клуб од Милано до Париз преку Мадрид и Лондон. Вечерва со македонско знаме уживаат во мајсториите на Бензема кој го демолираше Челси со хет-трик.

Навивач на Виган се загреваше за да го замени повредениот голман

Царот беше опремен (додуше ракавици и копачки му фалеа) и почна да се загрева додека голманот на Виган лежеше повреден. Шоу им направи на навивачите и цела трибина го бодреше, а уште појак ќе беше ако се осмелеше да застане на гол.

Изјава на вечерта на фудбалер на Ливерпул за запалки

Ливерпул се прошета низ Лисабон и со 1-3 рутински ја совлада Бенфика на гостувањето од првиот меч во 1/4 финалето на ЛШ. Енди Робертсон намести еден гол и одигра сјајна партија. Во еден момент дур центрирал го гаѓале со запалки од трибините, па Шкотланѓанецот имаше што да порача:

Навивач на Бенфика око ќе му истераше на Луиз Диаз

Со стап од знаме го гаѓаше кога Бенфика го прими третиот гол од Ливерпул и тоа во глава го центрираше.

Лик на годината

Пред големото дерби Ренџерс - Селтик (1:2), навивач на „келтите“ кој немал карта за ривалскиот стадион „Ајброкс“, решил да аплицира за работа во киоскот внатре на самиот стадион каде се продаваат разни сендвичи и пијалаци. Во еден момент додека бил „на работа“, а кога навивачите на Селтик влегле во делот обезбеден за нив, тој им се придружил на трибините и „дал отказ“.

Прекрасната традиција на навивачите на Хамарби

Од Содермалм, своевидно островче во центарот Стокхолм, до нивниот стадион „Теле2 Арена“, навивачите на шведски Хамарби со децении ја отвораат сезоната со голема и долга колона која пешачи до нивниот втор дом.

Откачена француска репортажа со македонските навивачи во Порто

Станавме препознатливи по боите, песните, страста, ентузијазмот и атмосферата која ја правиме пред, за време и после секој натпревар. Тоа го има забележано и Французинов кој направил топ видео, екстра динамично. Ја потенцира важноста и можноста за една мала земја која беше на само 90 минути до нова спортска историја.

Лудата прослава на Наполитанците на голот на Елмас

Преку 2.000 тифози на Наполи патуваа околу 800 километри во еден правец до Бергамо за да го бодрат својот тим на тешкото гостување кај Аталанта. На крајот Наполи славеше голем триумф 1-3 а мечот го реши во 81’ минута Елиф Елмас со убав гол. Тука им олесна на Наполитанците кои и натаму го сонуваат скудетото.

Флуминенсе има куче ултрас

Го тепаа Фламенго 2:0, а тој и на двата гола збесна од радост.

Атмосферата во Јане Сандански повторно во фокусот на ЕХФ

И покрај тоа што ова не се денови на радост за Вардар, кој во рок од неколку дена загуби дома од Еурофарм Пелистер, па од Веспрем, сепак верноста на навивачите синоќа повторно беше на ниво. ЕХФ тоа го препознава и го истакнува.

На мечот со Македонија, две навивачки побараа сперма од Роналдо

Фановите од супер ѕвездата обично бараат автограм, селфи или дрес, ама овие две Португалки влегоа малку во длабокото. Инаку Роналдо има четири деца, а Георгина е трудна.