Критики и кич: Фустанот на Лорен Санчез

По четири дена свадбен луксуз во Венеција, вреден околу 50 милиони долари, свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез конечно заврши. Парада од ѕвезди, тирамису, приватни забави и избегнување демонстранти - и нормално, момент за дигитална насловна страна на Вог, каде Санчез го претстави својот венчален фустан од Долче и Габана.

Реакциите како да не беа такви какви што мислеше дека ќе бидат. Во коментарите на Инстаграм, корисници пишуваа дека изгледа „како да се облекла од Шиин“, додека водителката Кејти Курик напиша, па избриша коментар под објавата од Вог на Џек Шлосберг:

„Добредојдовте во осумдесеттите - кога голема коса и демонстративно трошење беа норма. Очигледно кичот се врати.“

И не беше само Курик - актерката Шарлиз Терон, на настан за нејзината фондација, се пошегува дека можеби е меѓу ретките што не добиле покана за свадбата, но дека „тоа е во ред, бидејќи тие се ужасни, а ние сме кул“. Оливија Ман - која претходно го критикуваше и „интергалактичкиот девојачки викенд“ на Санчез - суптилно ја пофали поранешната сопруга на Безос, Макензи Скот, коментирајќи на објава дека е „навистина неверојатна“ поради нејзините донации од милијарди долари за добротворни цели. Дури и Рози О’Донел се вклучи со поема на Сабстак.

Фустанот на Санчез - класичен корсет, чипка и обемна силуета како божем раскошен гламур - очигледно не успеа сите да ги убеди. Додека Вог го претстави како „визија во бело“, дел од јавноста (вклучувајќи и неколку славни имиња) го доживеа како пример за преекспониран луксуз без мерка.

Свадбата на еден од најбогатите луѓе на светот привлече внимание - но и прашања за вкус, симболика и јавна перцепција. А ако судиме по реакциите: не беа баш сите воодушевени.

2 July 2025 - 00:00