Закон со поглед

Читателка ни испрати фотографија од која станува јасно дека е директна жртва на новиот закон за домување со кој алиштата се протераа од нивните вековни домови - балконите. До сега комшиите ги гледале нејзините алишта, од сега таа ќе мора да го гледа нивниот двор.

Нешто сигурно е оштетено

Мирослав Алексиќ: работничката Ана, Пеца хакер, оштетена картичка, абортуси во стан, Ивица Дачиќ, украдени авиони во Загреб, филмови со Жан Клод Ван Дам, фала пријатно. Ништо не ви е јасно? Нормално.

Сите српски мостови

Не може НАТО зликовци толку мостови да срушат колку што Србија може да ги изгради. Додуша, во Долно Власе не било ништо срушено ама тоа не му пречеше на еден локален политички неимар, со сечење лента и сите други предизборни салтанати да пушти во употреба грандиозно дело од цирка 7 метри.