Vladimir, One of Us!

За да го добие вториот мандат, Барак Обама ишпарта илјадници километри низ Америка и списка над 850 милиони долари. На другата страна на светот, во српски Босилеград, Владимир Захариев го тера третиот градоначалнички мандат благодарејќи на незгасливата желба да игра по свадби (клип 1), магичните потези (клип 2), префинетите дегустаторски манири (клип 3) и цепањето на конкурентите (клип 4). Фризурата (клип 1, 2, 3 и 4) е бонус.

Ти бамбус сееш а Македон ти Ниче

Да си се вратиме ние на нашите гајлиња. Под присмотра на античка гарда (во автентичен t-shirt и метла на глава) и едно чудо посетители, одржана е промоција на книгата "Вистината за вечноста" (ни помалку ни повеќе!) на легендарниот Ниче Димовски Македон. Дали сте подготвени да дознаете за бамбусот кој мирува 5 години, за траекторијата на саркофагот на Александар, за тоа како ќе ги згазиме Грците со љубов? Верувајте не сте. 12 минути подоцна ќе бидете комплетно снеможени.

Родова рамноправност (треш верзија)

Невкусот е крунски доказ дека сите сме рамноправни. Загребавме по дното на балканската музичка каца и од таму извадивме два репрезентативни примерока. За мажите игра Хако Обиќ а звуците на жената ги доловува Душица Томашевиќ. Како на познати машки шовинисти, нам Хако ни е појак.