За ЕПП носталгични

Бреј, на ова му се израдував како што Паско Кузман би се израдувал да ископа камено дилдо од времето на Александар. Блок реклами пуштани на МТВ пред 20-тина години, инклудинг: сендвичи Генерација М, Билтен БС, слоган на Вечер кој денеска важи уште повеќе ("Само со Вечер можете да ја амортизирате кризата"), трејлер за Тесна кожа, Жито Лукс со француски шмек, Југотрговија (која е таа женска?), лото со динарска награда, "И во зима и во лето, ефтино а квалитетно" (Ангрокожа).... Драгоцено културно наследство!

Јано мори

Не сме сигурни како мисли Србинката Јана да успее во силната меѓународната конкуренција на фитнес инструкторки. Ама да пробаме да побуткаме. По нас, Јана има две предности: 1. нуди вежби за едната рака па потоа и за другата рака (?)  2. продолжува да вежба дури и откако ќе заврши песна на Карлеуша.