Нашиов ништо не направил

Таман ќе си најдеме некоја пролазна политичка симпатија а тој велелепно ќе пропадне. Стигнаа резултатите на Константин од Теслиќ. Балканот ќе си тера по старо.

Станајте дел од нашата елита

Ако можевме на Кензо да им објавиме бесплатно реклама, можеме и на овие (ова ради нашиот финансов да не ни се секира). А се надреални повеќе отколку што би можел да се охрабри Спајк Џонз. Особено последната сцена, кога мали човечиња трчаат накај големото комбе! Линч. Дејвид Линч.

Еве лабаво, со Ламборџинито во претсобје

Се пишува за ова на Балканов деновиве, за албанскиот милионер кој си изградил помпезно грда реплика на Белата куќа. Куку ноне, па овој со наш Роџер да се фатат, може чуда да направат. Сакате да ѕирнете? И да не разбирате албански (на кој се темели видео презентацијата), ќе разберете, уметноста си има универзален јазик.

Нит макарон е педер, нит сол е лезбејка, копој вепе епебепе!

Све истрпев, за на крај да го зададете завршниот удар: Сол макарон значело „Ја сум педер“. Е не може!

Риалити, будали сме и ја и ти

Кој рече дека веќе не постои ангажирана музика? Еве една жестока анти-химна на популарните тв форми - реалните шоуа. Новиот Џони Штулиќ се вика Зока Босанац. Со тоа што, ќе видите и сами, какво време, таков Штулиќ.