Новите трендови на живеење во светот ги извади младите и младите родители надвор од загадените и пренаселени градски средини. Свесни за потребата од чист (нормален) воздух, здрава околина, простор за деца каде може безгрижно да се движат и играат, бегството од урбаното јадро на Скопје кое стана неподносливо за живеење е речиси целосно неизбежно доколку сакаме нормално детство и нормален живот за возрасните кои имаат професионални обврски.
Овој тренд надоаѓа и кај нас, и тоа на голема врата! Добар индикатор е сѐ поголем број на продадени имоти (ниви, плацеви и куќи) во околина на Скопје, особено енормниот наплив према Скопска Црна Гора каде воздухот, водата, чистата околина и добрата патна инфраструктура ги привлекуваат младите. Една интересна приказна наменета за млади парови и млади родители се роди токму во подножјето на Скопска Црна Гора на 400м надморска висина и на само 8км од центарот на градот.
We and Nature (www.weandnature.com) e еден уникатен пример на заедничко домување со 13 идентични куќи и огромен број на спортско-рекреативни и социјални содржини кои го прават овој резиденцијален комплекс многу поразличен од сите останати. We and Nature e прилагоден на потребите на родители со деца, поточно целата инфраструктура е креирана да нема сообраќај во внатрешниот дел, за децата, без разлика на возраста, слободно да можат да се движат низ целата дворна површина од 13.000м2. Со купување на една куќа се стекнува и ко-сопственост на земјиштето од 13.000м2 и спортско-рекреативната инфрастуктура во комплексот We and Nature. Комплексот е во завршна фаза на изградба и сите заинтересирани можат да закажат средба на лице место да го погледнат во живо со исполнување на контакт формулатор на http://weandnature.com/contact/
Куќите се идентични. Имаат внатрешна корисна површина од 160м2, на два ката. До секоја куќа слепена е гаража од 50м2 која нуди можност за комотно сместување на 2 габаритни возила едновремено, а терасата од 40м2 дава можност за приватност доколку сакате да уживате сами или со најблиските. Куќите се нудат во облик на целосно затворена карабина, со изработена фасада, прозори и врати и поставени доводи за вода, канализација, приклучок за струја и приклучок за геотермална вода. Инсталирани се 3 бунари со моќност од 10 литри во секунда. Во внатрешниот дел секој сам ја добива улогата на архитект и дизајнер и го дава завршниот изглед на просторот, како и распоредот на внатрешните простории.
Заедничкиот простор од 120м2 е вистински новитет. Станува збор за уникатно дизајниран мултинаменски објект кој жителите на комплексот We and Nature ќе го користат за: семејни прослави, социјализација со соседите, часови по странски јазик, јога, кино проекции, и ред други соджини кои ќе им истекнат. Покрај терасата на заедничкиот објект поставени се голем број на детски реквизити, клупи и маси за родителите.
Спортот и рекреацијата како значајни за правилен психофизички раст и развој имаат доминантна улога во овај комплекс. Еден мал фитнес центар на отворено, одбојкарско игралиште на песок, терен за кошарка и базен на отворено нудат можност секојдневно да се подобрат телесните способности и да се има поубав и посреќен ден. Користењето на спортските реквизити е наменето за жителите на комплексот.
На многу луѓе не им е познато дека на само 8 км од центарот на Скопје постои таква убава природа. Во непосредна близина на комплексот We and Nature лоциран е археолошкиот парк Бразда. На само 100м постои трасирана патека за планински велосипедизам долга 7 км, и планинарска пешачка патека која води до врвот на ридот Градиште која започнува со преминување на дрвениот мост на реката. Околината е вистинско “лудило” и право место за секојдневно уживање во животот. Продавницата која го опслужува регионот е на 800м оддалеченост.
За повеќе информации предлагаме да се обратите преку контакт страната на комплексот http://weandnature.com/contact/ и закажете средба за ги погледнете градежните опрации кои се во финална фаза.
(Комерцијален текст)