Мерките за седење по кафани се олабавија, а со тоа и граѓаните. После долго време, двајца другари од различен дел на градот решија да седнат во една локална биртија, чие име не се спомнува поради семејни недоразбирања. Што си кажаа тие и зашто!?
Не се само кафаните места за олабавување, исто се и куќните прослави од типот мекици, каде на големо се прави неврзан муабет до кога со коронава и зашто уште не си женет/мажена, ајде време ти е, гледај ја братучетка ти трето дете носи, без средно да заврши.
За крај имаме и таксист. Да, од оние што знаат се или најверојатно дома не им даваат да зборат, па секогаш кога ќе влезе клиент се отвараат како границите на една земја во време на корона.
Не заборавајте. Имаме нов термин. Недела, 18:30 часот, на Канал 5 телевизија.
(Комерцијален текст)