Бритиш Американ Тобако (БАТ) деветта година по ред помеѓу најдобрите работодавачи во светот

Реномираната меѓународна организација „Top Employer Institute“ деветта година по ред го прогласи Бритиш Американ Тобако (БАТ) како еден од најдобрите 17 работодавачи во светот. 

Сертификацијата за глобален „Врвен работодавач (Top Employer) им оддава признание на работодавачите кои обезбедуваат најдобри практики за вработување, овозможувајќи им на вработените да се развиваат лично и професионално, а воедно да постигнуваат и деловни резултати.

Кора Копе-Штаренберг, главен директор за човечки ресурси во БАТ, по добивањето на ова признание посочи:

„Признанието за глобален „Врвен работодавач“ деветта година по ред - и добивање на признанието на рекордни 44 сертифицирани пазари - е горд момент за БАТ. Оваа пресвртница ја одразува нашата непоколеблива посветеност на создавање инклузивна, поттикнувачка и високо-ефикасна средина каде што нашите луѓе можат да напредуваат и да растат. Нашиот успех е поттикнат од нашите вработени и ние ќе продолжиме да инвестираме во нивниот развој и нашата култура додека го трансформираме нашиот бизнис и испорачуваме „Подобро утре™“ („A Better Tommorow™“).

Со активности во 125 земји/региони, „Top Employer Institute“  е глобален авторитет за сертификација, споредбени анализи и советување во човечки ресурси. Нивната програма ги сертифицира организациите врз основа на резултатите од Анкетата за најдобри практики во човечки ресурси, која опфаќа шест области, со 20 теми, вклучувајќи Стратегија за вработени, Работна средина, Стекнување таленти, Учење, Разновидност, Еднаквост и вклученост и Благосостојба.

Извршниот директор на „Top Employer Institute“, Адријан Селигман за овогодинешните признанија коментираше:

„Достигнувањето на статусот на глобален врвен работодавач во 2026 година е извонредно достигнување што ја одразува извонредноста во поединечните земји и, што е клучно, одржливите практики за вработените низ регионите и низ целиот свет. BAT покажа ретка способност да ја усогласи својата стратегија за луѓе на глобално ниво, а воедно да обезбеди значајни, локално релевантни искуства за вработените на секој сертифициран пазар - белег на организации кои испорачуваат силни деловни перформанси, мобилност на таленти и отпорност на работна сила. Ова достигнување го става BAT меѓу избрана група работодавачи кои претставуваат репер за стратегијата за вработени на меѓународно ниво. Неверојатно сме горди што го продолжуваме нашето партнерство со нив бидејќи тие инспирираат извонредност низ глобалната заедница за човечки ресурси.“

БАТ е една од само 17 компании кои добија глобален сертификат за најдобар работодавач. Филијалите на БАТ исто така беа признати како водечки работодавачи во рекордни 44 земји низ Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Блискиот Исток, Азија и Африка. „Top Employer Institute“  ги доделува признанијата анализирајќи ги практиките за човечки ресурси на компаниите во шест области: Стратешко управување, Обликување на трансформацијата, Привлекувањето на вработени, Развој на работната сила, Ангажман на вработените и Обединување на вработените преку културата. 

(Комерцијален текст)

 

29 јануари 2026 - 16:11