Кај нас обично се вели дека не треба да се наздравува со вода или безалкохолен пијалок просто за човек да не се двои од друштвото што пие виски или ракија. Но можеби зад овој став лежи постаро верување, кога го споделува античкиот свет, но е и дел од морепловниот фолклор.
Во древна Грција се верувало дека мртвите пијат вода од реката Лета во подземјето за да си ги заборават минатите животи па полесно да продолжат понатаму. Поради ова, старите Грци наздравувале за мртвите со чаша вода, како симбол на нивното патување. За оние кои го знаат ова верување, да се наздрави некому со вода во чашата не е баш паметен потег и тоа не само кон смртните со-пијачи, туку и кон Боговите. Тие, имено, повеќе сакале нешто поалкохолно, па доколку биле понудени со вода можеле да се разгневат.
Наздравувањето со чаша вода не е добро ни помеѓу морнарите - тоа значи дека оној кому му е упатена здравицата може да се удави (и тоа не во чаша вода), или пак целиот екипаж ќе доживее бродолом. За наздравување со „вода“ притоа се смета и каков и да е сок или безалкохолен пијалок.
Во наша одбрана ќе ја искористиме изреката - „не наздравуваш со пијалок, туку со човек“.