Познавав еден човек кој за сè што немаше, или пак не разбираше, успеваше да најде по некој лош збор.
Тоа што може да биде или да не биде, секогаш на крајот му се покорува на она што мора да биде.
Единствено активните луѓе со нивната борбеност и безобѕирност го движат животот напред, но од друга страна, единствено само пасивните луѓе со нивната трпеливост и добрина го оддржуваат и го прават поднослив.
Незадоволни со себе и со условите во својата земја, ние често ги фалиме другите земји и народи, и создаваме од нив недостижни идеали. Притоа претеруваме, фалејќи ги повеќе отколку што заслужуваат и припишувајќи им својства и обележја кои не ги поседуваат. Така, сето она што го зборуваме не соодветствува со вистинската слика за дадената земја, туку е повеќе идеалистички приказ на нашата татковина. Приказ на татковина каква што би сакале да видиме.
Не знам дали сум спиел, ама знам дека сум сонувал.
Доаѓаат така времиња, кога умот замолкнува, будалата проговара, а шљамот се богати.
Во човечка заедница каде уметноста не си го пронашла своето место и не врши влијание, нешто сигурно не е во ред. Веројатно во такви општества животот и во останатите гранки заостанува или пак напредува во погрешна насока.
Искажана на јужен дијалект, секоја работа изгледа не само подолга, туку и ако е тажна, изгледа уште потажна.
Би требало да се пишуваат само чисти и големи работи. А за тоа треба да се има здрава крв, вистинска мисла и доследен живот.
Кога слушам некои жени како зборуваат и кога гледам колку искуство имаат во работите од секојдневниот живот, ми се присторува дека се стари, древни како духовите на земјата, и дека со секој збор и со секое ново искуство сè повеќе се вкопуваат во земјата како кртови. А додека се зборува за работите на духот, тие трпеливо чекаат да помине тој разговор, како невреме, па да го продолжат своето копање по земјата и под неа.
(последна белешка пред смртта) Помислата на смртта предизвикува, сама по себе, чувство на страв. А кај писателите и кај секој „јавен работник" сосе тоа доаѓа и одвратноста од глупите и неискрени некролози кои нè очекуваат...