УЧИШ
По некое време ја учиш суптилната разлика
помеѓу држењето нечија рака и оковувањето нечија душа.
И учиш дека љубовта не значи привлечност
и друштвото не значи сигурност.
И почнуваш да учиш дека бакнежите не се договори
и подароците не се ветувања.
И почнуваш да ги прифаќаш твоите порази
со главата горе и очите отворени
со достоинство на жена, не со очај на дете.
И учиш да ги градиш твоите патишта денес
затоа што утрешннината е премногу несигурна за планови
а иднината има начини да те изневери на половина пат.
По некое време научуваш...
Дека дури и сонцето гори ако го има премногу.
Па си ја копаш градината и си ја украсуваш душата,
наместо да чекаш некој да ти донесе цвеќиња.
И учиш дека навистина можеш да истраеш...
Дека си навистина силен
И дека навистина вредиш
И учиш, и учиш...
Со секое збогум нешто научуваш.
Хорхе Луис Борхес