„Фунтиран од фунтата: како станав геј заради социоекономските импликации на британското заминување од ЕУ" е најнов роман од Чак Тингл, автор на повеќе од 50 сексуално експлицитни научно-фантастични стории. Во книгата една огромна лебдечка монета со „неверојатени метални стомачни мускули" го носи 25-годишниот Алекс Ливербот еден месец во иднината, нудејќи му визија за тоа како изгледа Велика Британија само неколку недели по Брегзит.
Во Лондон Парламентот гори, реката Темза „клокоти како лава од активен вулкан", а чудни суштества облечени како гардата на кралицата, но со рептилски крилја и заби како ножеви патролираат по небото. Автобуси на четири спрата, воведени како мерка за штедење од страна на очајната пост-референдумска влада, се покажуваат непрактични, па само стојат неподвижни покрај тротоарот.
И среде сето ова Ливербот и големата монета, која се вика Пербер, има раце, пенис и некаков метод на гласно зборување почнуваат необична врска, која кулминира со сексуален однос во лондонски паб.
Тингл - име за коешто се верува дека е псевдоним - се занимава со овој тип на еротика од јануари 2015, кога се појавила неговата дебитантска книга, за некаков диносаурус по име Чак. Од тогаш објавува по три книги месечно, а привлече посебно внимание кога минатата година негово дело беше номинирано за наградата Хуго - престижно научно-фантастично признание.
Неговиот стил е опишан како „пародија на диносауруска еротика", вистински книжевен поджанр, кој ги истражува хипотетичките сексуални односи помеѓу животни од геолошките периоди тријас, јура и креда и човечките суштества. Во последно време опсегот се менува, па сега наместо диносауруси во книгите на Тингл се појауваат и еднорози.
Текстот во Гардијан посветен на оваа тема ги наведува како „тагови" следниве клучни зборови: порнографија, ЕУ референдум и ЕУ. Нека ни каже некој дека не е намерно.