Дизајнирани од лондонското студио Сатерленд, во соработка со британскиот илустратор Нил Веб, марките прикажуваат клучни сцени и ликови од „Убиство во Ориент експрес“, „Мистериозната случка во Стајлс“, „Телото во библиотеката“, „Десет мали црнчиња“, „Убиството на Роџер Акројд“ и „Најавено убиство“.
Но она што е најинтересно е што секоја марка содржи скриени назнаки за решавање на загатките во романите. Така, на марката посветена на „Роџер Акројд“ е прикажан убиецот со неговиот нож кој e истовремено сенка на главниот лик, а пак пораката оставена по самоубиството на неговата љубовница која тој ја држи во раката укажува на причината за самоубиството. За да се откријат овие хинтови потребни се лупа, трпение, а за некои марки и инфра-црвена светлина.
На оваа пак посветена на „Мистериозниот настан кај Стајлс“, Поаро и Хастингс го истражуваат местото на злосторот, формирајќи череп, укажувајќи на тоа дека убиецот користел отров. Целата марка потоа е репродуцирана како минијатура на самото шише со отров.
Марката за „Десет мали црнчиња“ е дизајнирана како профил на непознатиот убиец, а песната, која е клуч на загатката, е прикажана како одраз на месечината.
Најтешкото за дизајнерите било да се сумираат комплексни заплети во еден цртеж, а притоа да се дадат само суптилни назнаки. Според она што го гледаме како резултат, во тоа и успеале.
Поврзано: Стрип за животот на Агата Кристи