„Ако Талибанците ја преземат власта тие ќе ја забранат сета уметност. Јас и другите режисери би можеле да бидеме на нивниот список за погубување“, напиша Сахра Карими на 13 август на социјалните мрежи, додека Талибанците го опколуваа Кабул.
Таа истовремено ги документираше своите обиди заедно со толпи други луѓе, да ја напуштат земјата. Во твит од 17 август напиша дека успеала во тоа.
Режисерката на „Хава, Марјам, Ајша“ од 2019, и единствената Авганистанка со докторат од областа на филмот, Карими е и директорка на државната филмска агенција.
To All the #Film_Communities in The World and Who Loves Film and Cinema!
— Sahraa Karimi/ صحرا كريمي (@sahraakarimi) August 13, 2021
I write to you with a broken heart and a deep hope that you can join me in protecting my beautiful people, especially filmmakers from the Taliban. #Share it please, don't be #silent. pic.twitter.com/4FjW6deKUi
„Ви пишувам со скршено срце и длабока надеж дека ќе ми се придружите во заштита на мојот убав народ, особено на филмските работници, од Талибанците. Споделете, не молчете“, напиша таа во емотивното обраќање, во кое наведува дека Талибанците и претходно мачеле и убивале уметници. Така, убиен е комичарот Назар Мохамад, познат како Каша Зван, а на почетокот на овој месец членови на воената група го убиле поетот и историчар Абудал Атефи. Таа исто така ја нагласува опасноста од радикално менување на позицијата на девојчињата и жените, забраната на музицирањето освен верското пеење, како и целосната забрана на интернет.
Во писмото таа повикува светот да не го врти грбот и да истапи во име на авганистанските жени, деца, уметници и филмски работници.