„Ви пишуваме за да Ви ја соопштиме непријатната состојба со која се соочува библиотеката на Харвард. Големите издавачи на списанија ја ограничуваат и ја прават фискално неодржлива академската комуникациска средина. Ситуацијата е особено влошена преку обидите на одредени издавачи (наречени „провајдери") да ги зголемат цените на списанијата.
Годишните трошоци на Харвард за списанија од овие снабдувачи сега достигнува 3,75 милиони долари. Некои списанија чинат 40,000 долари годишно, други и десетици илјади. Цената за онлајн содржина само од два провајдера има пораснато за 145% во минатите шест години. Иако академската продукција продолжува да расте, а издавањето може да биде скапо, профит маргините од 35% и повеќе сугерираат дека цените кои мораме да ги плаќаме не резултираат само од растечката понуда на нови статии.
Оттаму, дојдовме до овој заклучок: големите претплати за списанија, особено за електронските списанија кои се објавуваат од клучните провајдери, не може да потрае; тоа е финансиски невозможно. Доколку се продолжи со оваа активност тоа сериозно би ги еродирало напорите за собирање литература во други области, кои се со веќе осиромашени збирки.
Ви го препорачуваме следново:
- Кога објавувате статија бидете сигурни дека начините на нејзиното користење одговара на отворената политика на слободен пристап на факултетот
- Разгледајте ја можноста на нудење текстови во списанија со слободен пристап, или на такви кои нудат разумни цени
- Доколку статијата не може да се издаде независно од издавачи кои практикуваат прекумерни цени размислете за повлекување на текстот
- Контактирајте професионални организации за да ги поттикнете дискусиите на оваа тема“