
(фото: Epa Images)
Снимањето на биографскиот филм „Тони“, посветен на славниот готвач Ентони Бордејн, ќе започне во мај оваа година. Хронолошки ќе биде лоциран во 1976-та кога Бордејн ќе доживее нешто што ќе му го промени животот во Провинстаун, Масачусетс. Интересно е што филмот нема да се фокусира на неговата кулинарска кариера, која почнува дури две години по времето во коешто се случува „Тони“.
Проектот е на режисерот Мат Џонсон, ој претходно го режираше „Блекбери“, филмот за неверојатниот раст и исто толку неверојатниот пад на компанијата која го произведуваше првиот „паметен телефон“. Автори на сценариот се Тод Бартелс и Лу Хоу.
Главната улога му е доделена на Доминик Сеса, најпознат по своето учество во „Холдоверс“ (или „Божикни сирачиња“ за кого претходно пишувавме тука), што му беше дебитантска улога на филм која му донесе номинација за БАФТА за најдобра споредна улога.
Бордејн почина на 8 јуни 2018, на 61 година. Зад него остана богата кариера на готвач, патеписец и писател.