
На прв поглед кутивчињата делуваат како за поголем формат ќибрити, со „винтиџ“ фотографии на девојки кои за тоа време (крајот на 19 век) веројатно биле сметани за провокативни.
Всушност, се работи за кутивчиња со тенки восочни свеќи, кои содржат еден интересен детал - метален прстен во којшто се сместува свеќата додека гори. Тие биле користени во европските бордели помеѓу 1880 и 1905, а од таму биле пренесени во западниот дел на САД во текот на „златната треска“.
Концептот бил едноставен - муштеријата ја плаќа бараната цена. „Ноќната дама“ ја пали свеќата која се топи со брзина од околу седум минути. Кога ќе се стопи и последната капка восок - готово е (дури и кога не е). Некои жени навистина бизнис ориентирани, па малку и ги тенчеле свеќите, за да горат уште пократко. А можеби пак тоа им било сосема доволно на повеќето муштерии.
Повеќе слики тука