Да ти имало филм за Буковски што никој го нема видено

Приказната е следна: Џејмс Франко во 2013 направил филм за Чарлс Буковски (наводно) врз основа на негова автобиографска книга. Но поради тужба за авторските права врз делото, излегувањето на филмот е запрено, иако Франко подоцна добил на суд.

Во април 2014 актерот и режисер Џејмс Франко е тужен од извесен Сирил Хамфрис, кој тврдел дека ги има филмските права за романот на Буковски, „Шунка на 'ржан леб“ (Ham on Rye), што го опишува деството и младоста на измислениот лик Хенри Кинаски. Иако е фиктивен, тој сепак содржи препознатливи автобиографски делови, како сеќавањата на Хeнри за раното детство поминато во Германија, преселбата во Лос Анѓелес, несредените семејни односи, алкохолот, обидите за пробив во новинарството. Токму врз овој роман Франко направил филм кој според него бил само делумно инспириран од книгата. Но тужителот го тврдел спротивното - фактитe не можат да подлежат на заштита на авторски права, но нивниот „аранжман“ да. 

И не само тоа. Во 2009 Хамфрис веќе имал потпишано договор со Франко но правата истекле до крајот на 2010. Проектот сепак продолжил и наводно вклучил цели сцени од книгата. 

На крај двете страни се договориле, иако деталите на тој договор остануваат доверливи. До денес, повеќе од 10 години подоцна, филмот, во кој главната улога требало да ја игра комичарот  се наоѓа на списокот „откажани“ на имдб кадешто е наведено дека тој е „засекогаш ставен на рафт“ и „најверојатно никогаш нема да биде објавен“. 

А штета, затоа што баш ќе сакавме да ја видиме адаптацијата на Франко, кој во својата кариера има режирано адаптации на класични американски дела, како „Додека умирав“ на Фокнер од 2013. Плус Тим Блејк Нелсон изгледа како да ќе беше барем физички сличен на Буковски - само со брада.

11 декември 2025 - 10:48