Академијата за креативни млади се заокружува со завршната презентација во Скопје

BDG агенцијата, во партнерство со Sharper B2B (Обединето Кралство), успешно ја заокружија Академијата за креативни млади, програма поддржана од Британскиот совет преку Фондот за развој на креативни вештини на ЗБ-ОК, со завршната презентација што се одржа вчера во Скопје.

На последниот настан се славеа достигнувањата на 20 млади креативци кои учествуваа во Академијата, иницијатива која има за цел да го премости јазот помеѓу формалното образование и креативната индустрија преку обезбедување директен пристап до менторство, практично искуство и развој на кампањи во реалниот свет.

Академијата за креативни млади на едно место собра учесници на возраст од 18 до 30 години кои беа вклучени во интензивната програма за едукативен и професионален развој во насока на подготовка на следната генерација професионалци од креативната индустрија.

Жарко Димитриески, коосновач и креативен директор во BDG агенцијата, ја нагласи важноста од создавање практични можности преку кои младите креативци ќе можат да стекнат искуство во индустријата и да ја развијат самодовербата потребна за влез во професионалниот свет.

Програмата започна со двонеделен интензивен курс во Скопје, предводен од ментори од BDG агенцијата и Sharper B2B, по што следеше тримесечна менторска фаза и работилница што опфаќаше креативна стратегија, визуелен дизајн, видео продукција, креирање приказни во насока на комуникација и управување со проекти.

Даниел Фајлер, заменик амбасадор во Британската амбасада, истакна дека поддршката на Британскиот совет за Академијата за креативни млади покажува што може да се случи кога креативноста, партнерството и можностите ќе се спојат. Преку силна соработка помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и под раководство на Британскиот совет, оваа програма го премостува јазот помеѓу образованието и индустријата – овозможувајќи им на младите луѓе, од кои 70% се жени, да ги стекнат потребните вештините и искуството што им за успех. Со оглед на тоа што учесниците веќе си обезбедуваат работни места, се докажува дека инвестирањето во млади таленти дава вистински резултати и го зајакнува креативниот сектор.

Во последната фаза, учесниците работеа во тимови на вистински комуникациски брифинзи за Горење и НЛБ, изработуваа концепти за кампањи, презентираа идеи и градеа професионални портфолија преку практично искуство во симулирана агенциска средина.

Програмата постигна значајни резултати, 20 млади учесници ја завршија Академијата, 70% од учесниците беа жени, беа изработени две бренд кампањи за Горење и НЛБ, а четворица учесници веќе обезбедија вработување во креативната индустрија.

Клер Сирс, директорка за Србија и Западен Балкан во Британскиот совет, истакна дека програмата покажува како преку инвестирањето во креативните вештини и меѓународните партнерства може да се постигне мерлив ефект, да се подобри вработеноста и да се поддржи развојот на следната генерација креативни професионалци.

На настанот беа претставени и завршните кампањи изработени за Горење и НЛБ, по што следеше прием и сесија за вмрежување на која се собраа учесниците, менторите, партнерите и претставниците од креативната заедница.

(Комерцијален текст)
 

 

20 мај 2026 - 12:35