Како шеќерот ја разблажува науката

Еден од најскапите проблеми за прехранбените компании е да се прикрие поврзаноста меѓу консумацијата на шеќер и здравствените заболувања. На ова до сега се потрошени милијарди долари, по шема која во минатиот век беше разработена од тобако компаниите.

- Планови за закопување на научните податоци
- Убедување на потрошувачите дека "шеќерот е во ред во умерени количини"
- Фрлање сомнеж на студии кои покажуваат штетни ефекти од консумацијата на шеќер
- Стратешко заплашување на научниците и организациите кои не се согласуваат со индустријата.

Ова се само дел од мерките што ги превземаат двата најголеми играчи во шеќерната индустрија, а кои беа обелоденети како докази за време на судната парница против Тhe Sugar Association и the Corn Refiners Association.

На пример, во 2003-та ЦЕО-то на Шеќерната асоцијација испраќа писмо до генералниот директор на Светската здравствена организација, во кое тој најавува дека асоцијацијата ќе престане со финансирање на СЗО и ФАО доколку тие не го повлечат целиот извештај кој покажува дека додадениот шеќер "е закана за нутриционистичкиот квалитет на исхраната."

Дополнителен документ покажал дека притисокот успеал, и дека ФАО се спротивставил на извештајот, како и тоа дека претставници на СЗО повикале на негови преуредување пред тој да стане дел од стратегијата на СЗО за ограничувањето на внесот на шеќер.

Целта на авторите на новиот извештај е да се изврши влијание во постојната битка за тоа што треба да содржат училишните оброци кои ги консумираат 32 милиони деца. Во 2013-та, General Mills и Шеќерната асоцијација се спротивставија на предложените стандарди за училишни оброци, отфрлајќи ја поврзаноста меѓу шеќерот и здравствените проблеми.

Нивна втора намера е да се направи промена на етикетите за храна. Моментално ФДА (Food and Drug Administration) ги разгледува предложените промени на етикетите кои барат производителите да ги наведат додадените шеќери, одделно од оние кои природно се појавуваат.

Еден многу важен текст на темава од 2012-та, Big Sugar's Sweet Little Lies.

5 јули 2014 - 11:33