Таг: шеќер

Забар на денот

Витрина во стоматолошка ординација на која е покажано која храна или пијалок колку шеќер содржи.

Како се ширел зборот „шеќер“?

Најверојатно потекнува од санскритското „саркара“. И тоа е еден од оние зборови кои звучат слично (слатко) во голем број светски јазици.

Шеќерот заслужува иста инквизиција како пушењето

Во развиените земји пијалаците со шеќер (а сè, ама сè, освен обична вода и обична кисела вода содржи шеќер) почнаа да подлежат на данок, и како што беше случај со цигарите ова ќе прогресира.

Не е дрога сè што е бело

Американските власти неодамна објавуваат дека во организирана акција заплениле дрога во вредност од 2 милиона долара. (Погледни наслов.)

Mрачното минато на Букеровата награда

Завчера, 17.10, беше доделено овогодинешното Букерово признание, на американскиот писател Џорџ Сондерс, за романот „Линколн во бардо“. Повод за потсетување за она што стои во основата на славата и парите стекнати со оваа награда - наследството на ропството и на белиот супрематизам.

Горчливата приказна за шеќерот

Сите оние кои се ставиле на некоја од диетите кои се во моментов „ин“ - хроно, протекали, прашоци од сурутки - го знаат она чувство на поетски копнеж во првите денови кога се „симнуваш“ од шеќер. Ама долгорочно изгледа борбата со самиот себе се исплати.

Лудиот Макс - Венецуела

Чопор моторџии, на АПН-ки и веспи, му се сска на шлепер. За кратко време почнуваат да го гаѓаат со бараж молотови коктели. Шлеперот застанува, овие му се нафрлаат ко пирани и почнуваат да го пљачкосуваат. Што товар има шлеперот? Еден од најдефицитарните производи на пазарот - шеќер. П.С. Додека прават чистка во шлеперот, позади нив стои сосема незанимлива цистерна со нафта.

Од шербет до душман

На шеќерот му требаа неполни две децении да стигне од "оди касни нешто благо ќе ти даде енергија", до "создава зависност како кокаин".

Дали те убиваат мастите или шеќерот?

Некаде во текот на 1960-те холестеролот во сите негови можни појави и извори, беше прогласен за душманот на човековото здравје, со посебен нагласок на вечно прождерливите мажи. Тоа е периодот и кога почнува да се зачестува муабетот за ниво на холестерол и срцеви заболувања кај луѓето.

Кога науката кажува слатки приказни

За да се задржи нивото на потрошувачката на шеќер, индустријата платила научен развој на вакцина против расипување заби. Тие што слепо ѝ верувале на таквата наука останаа и без вакцина и без заби.

Данок на меурчиња

Ако веќе пиете газирани пијачки, испаѓа дека е подобро да ги пиете денес отколку утре. Не затоа што утре ќе бидат поштетни туку зашто ќе бидат поскапи.

Отчет за "додаден шеќер"

Американската таблица со "Прехранбени факти" која е задолжителна на секоја можна пакувана храна што се продава и произведува во земјата, ќе добие редизајн кој ќе треба да биде воведен до јули 2018-та. Една од најголемите промени во редизајнот - колку шеќер има додадено во производот.

Смутијата не се толку добри за тебе како што ти мислиш

Една од оние Драга Савета секциите, само што е во Њујорк Тајмс а од другата страна не е Савета, туку една од уредничките за здравје на весникот. Прашањето е одлично и ретко кој си го поставува кога трга во походот по здрав живот.

Не се сите исти

Ако мислите дека сите се исти и сите подеднакво штетни за вас - размислете повторно. Ако еден од нив веќе не ја оштетил таа функција на мозокот.

Е да, до бокалот е

Во општата потрага по изворот на прекумерната тежина на луѓето од западните општества, најнови виновници се рестораните - затоа што не им оставаат бокал чешмовача на гостите, пред овие да почнат да ждерат.

Орвел за „данокот на шеќер"

Пред неколку дена конзервативецот Џорџ Озборн најави дека во британскиот буџет за 2016 ќе биде воведен „данок на шеќер" што ќе треба да го плаќа индустријата на безалкохолни пијалоци. Тоа, накратко, значи дека ваквите сокови ќе поскапат. Но кој ќе биде најпогоден од оваа мерка? Удри по сиромашните, кои се истовремено и најдебелите.

Како откажувањето од шеќер ми го промени мозокот

Експериментот го прави маж кој претходно ослабел 36 килограми, а тежината успева да ја одржи со броење на калории, 2.000 на ден, од што и да е - мрсно, благо, здраво. И сето ова вака го тера додека не седне да разговара со една пријателка, инаку докторка.

Политиката на засладениот чај

Роден пред 223 години, славниот романтичарски поет Перси Шели имал спартански навики - не јадел месо, а и генерално бил индиферентен кон храната, јадејќи колку да преживее додека вистински ги „голтал" античките автори. Но едно нешто го мачело - неговата зависност од чај.

Во одбрана на шеќерот

Досегашните истражувања го имплицираат шеќерот како виновник за растечката стапка на дебелеење и за болести како дијабетес, а дел од истражувачите го опишуваат како токсичен. И горе долу, црната кампања против шеќерот, трае веќе стотици години.

Како шеќерот ја разблажува науката

Еден од најскапите проблеми за прехранбените компании е да се прикрие поврзаноста меѓу консумацијата на шеќер и здравствените заболувања. На ова до сега се потрошени милијарди долари, по шема која во минатиот век беше разработена од тобако компаниите.

Слатко-горчлива изложба во рафинерија за шеќер

Свинга која личи на египетска но е целата направена од шеќер. И скулптури на црни момчиња од карамела со големи кошници во рацете. Звучи слатко, нели?

Нова книга на Џена Џејмсон

После бестселерот „Како да водиш љубов како порно ѕвезда", Џена на 21. октомври ќе го објави својот дебитантски роман со сладок наслов - „Шеќер".

Не го лажете мозокот

Мозокот сака допамин. Допаминот сака шеќер. А мозокот не е толку глуп да не препознае дека пробуваме да го лажеме со вештачки засладувачи. Неговата одмазда за тоа е што завршуваме дебели.