Дали на секоја цигара ќе биде испишано „пушењето убива“?

Секоја поединечна цигара во иднина би можела да биде испишана со предупредувањето во надеж дека тоа ќе разубеди уште повеќе луѓе да престанат да пушат или да не почнуваат.

Предлогот е дел од поопширен закон кој треба да помине во британскиот парламент, и ќе му даде овластување на тамошниот министер за здравје задолжително да ги воведе овие натписи.

Пратениците имаат поддршка и од здравствените експерти според кои само „храбри одлуки“ ќе помогнат Англија да го оствари својот план да стане целосно непушачка држава до 2030. Моментално само 5% од жителите на Англија палат цигара.

Самата цигара е последното место на кое нема испишано некакво застрашувачко предупредување за пушачите и тие што размислуваат тоа да станат.

Во пакет со овој доаѓа уште еден амандман кој предлага наметнување на нови давачки на профитот на тутунските компании, кои потоа би се искористиле за финансирање на активностите против пушењето.

„Тутунската индустрија убива заради профит. Профитите се апсурдно високи, два до три пати поголеми од оние на компании кои произведуваат неопходни производи како храна и пијалаци. Нашите давачки на ’загадувачите“ се неопходни и оправдани,“ изјавил пратеникот Боб Блекмен, кој е и претседател на меѓу-партиската парламентарна група за пушење и здравје.

21 октомври 2021 - 11:03